Црната дудинка (Morus nigra L.) која се наоѓа во дворното место на манастирот “Свети Гаврил Лесновски” во Лесново, општина Пробиштип со решение од Минестерството за животна средина е прогласена за природна реткост. Лесновската дудинка е стара над шсетстотини години, со неа се поврзуваат голем број на легенди поврзани со лековитоста на нејзините плодови. Дудинката е неразделен дел од Лесновскиот манастир и претставува едно од значајните обележја на манастирот, што ја става на исти ранг со прочуениот Охридски Чинар.

Ова е прв случај, Пробиштип да добие вакво признание во делот на природата, прогласување на природна реткост. Ваквите природни реткости се од искличително значење за заедницата, за развојот на туризмот и промоција.
Добивањето на ваков посебен статус, претставува само мотив плус за локалната самоуправа да продолжи и понатаму во заложбите околу заштитата на природното наследство, за што ќе следуваат чекори за конзервација односно преземање на мерки за заштита на оваа исклучителна природна реткост, како и чекори за промоција на црната дудинка.

dudinka 2