Нови кумови на манифестацијата „Берење на бадникови гранчиња“ се Емилија Јованчевска, претставник од рудникот „Минстрои Булмак 2016“ и Драган Николовски

Традиционално  дваесетина години во очи на нашиот најголем христијански празник, Божиќ, се одржува манифестацијата „Берење на бадникови гранчиња“. На месноста Жгури се собираат неколку стотици  љубители на оваа манифестација и ги берат бадниковите гранчиња, кои се дел од бадниковата трпеза. Секоја година манифестацијата започнува во некој од угостителските објекти, каде што се собираат претставниците на бизнис секторот и каде се избира кумот за наредната година, кој пак ја подготвува посната трпеза, греана ракија и чај, а сето тоа проследено со добра музика, која прави убава забава, а секако обавезни се и бадникарските огнови. На местото на настанот се дели погача, преку што се избира уште еден од кумовите на настанот, овој пат од посетителите. Кумови на овогодишната манифестација се Дејан Јосев, од фирмата Алпина Деј и Атинка Стојчевска Барљамова.  Годинава бизнис секторот се собра во хотелот Сан Нико, каде за кум на настанот и воедно организатор на настанот во 2020 година е избран Емилија Јованчевска, претставник на рудникот „Минстрои Булмак 2016“ а на местото на настанот паричката му се падна на Драган Николовски, кој исто така е еден од организаторите во наредната година. Градоначалникот Анастасов, честитајќи им го кумството, на кумовите им подари златник, односно сребреник.

badnikk 2018 2 badnikk 2018 3 badnikk 2018 4 badnikk 2018 5 badnikk 2018 6