Во деновите 13.07.2023 и 14.07.2023 година во периодот од 22 часот до раните утрински часови наредниот ден (четврток и петок) на територијата на општина Пробиштип ќе се изврши трето адултицидно третирање (прскање од земја) против возрасни комарци за оваа година. Акцент при прскањето ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии, патот кон с. Стрмош и сите поголеми населени места.
Се известуваат граѓаните да го имаат во предвид третирањето во овој временски период и да превземат заштитни превентивни мерки.