На ден 09.08.2021 и 10.08.2021 година (вечерта – понеделникот кон  вторникот) во текот на ноќта до раните утрински  часови во периодот од 23 – 08 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено прскање од земја против  возрасни комарци. Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата  долж течението на река Киселица, од Приградска населба Пробиштип по патот кон с. Плешенци, долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии и кундинско езеро. Ќе ги опфатиме и сите поголеми населени места. Се известуваат сите сопственици на пчелни семејства да превземат заштитни превентивни мерки.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ