Компостерските единици на шведската фирма „БИГХАНА“ веќе се пристигнати во Пробиштип и се распоредени на две локации согласно со претходно утврдените евалуации на теренот и критериумите по проектот „БИООТПАД“.

Во текот на вчерашниот ден тимот од професори ангажирани како технички лица и раководителите на проектот од страната на УГД, како и техничките и експертските лица од страната на Општина Пробиштип, имаа обука за ракување и управување со компостерските единици.

Обуката беше спроведена од страна на Сесилија Ек од Шведска, претставник на компанијата Бигхана и Константин Тумпалов од Софија, Бугарија, од бугарското претставништво на фирмата. Понатаму техничките лица и експертите истата обука ќе ја спроведат и на локалното население кое ќе биде вклучено во проектот и ќе има свој удел во пишувањето историја во процесирањето на органско ѓубриво во Македонија.

Станува збор за исклучително квалитетни и корисни машини кои работат компостирање во еден сосема затворен процес без никакво штетно влијание врз животната средина, а придобивките од нив се органско ѓубриво кое ќе може да се користи за јавните површини на општината, од една страна, и промена на навиките на луѓето во справувањето и сепарацијата на отпадот, од друга страна.

Проектот се реализира преку програмата „Балкан Медитеран“ и ќе трае до 31 мај 2020 година.

biootpad 2019 2 biootpad 2019 3 biootpad 2019 4 biootpad 2019 5