Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Пробиштип, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 05.08 2019 година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект „Зголемени услуги – Еднакви можности за сите”  за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделно за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Пробиштип.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани за 20 (дваесет) работни часови неделно.

За периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа“ истите не го губат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување- Центар за вработување Пробиштип-со цел почитување на обврските согласно Закон. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

На кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање  во висина од 9.000,00 денари месечно , со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

  • долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
  • млади лица до 29 години
  • лица постари од 50 години
  • лица корисници на право на парична помош од социјална заштита или корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
  • лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
  • жртви на семејно насилство
  • лица со попреченост
  • жени припадници на ромската етничка заедница и  на останатите   етничките заедници
  • лица припадници на ромската етничка заедница
  • самохрани родители
  • родители на деца со пречки во развојот
  • родители на 3 и повеќе деца
  • осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

– Образовни асистенти (тројца) – Стручно квалификувани одговорни и комуникативни лица со завршено високо образование (Педагошки факултет-одделенска настава, Психологија, Дефектологија и Педагогија за работа со ученици вклучени во инклузивно образование во ООУ„Браќа Миладиновци“-ПУ населба Пробиштип и ПУ с. Злетово – општина Пробиштип.

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Пробиштип во периодот од 05.08 2019 -година до 16.08 2019година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Пробиштип и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Пробиштип кај лицето Анкица Кијајова, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Пробиштип  кај лицето Илија Петковски  Центар за социјлна работа Пробиштип кај лицето Снежана Петрушев.

ГРАДОНАЧАЛНИК
ДРАГАН АНАСТАСОВ с.р.

Јавен повик ОКР 2019.веб