Награден фото конкурс “ПРОБИШТИП ФОТО 2016“

 

Награден Фото КОНКУРС “ПРОБИШТИП ФОТО 2016“ ТЕМА:
„ ЗА МОЈОТ ПРОБИШТИП“
Основни критериуми за учество:

Се учествува со 2 (две) фотографии на зададената тема (сите фотографирани во Пробиштип)

и до 3 (три) слободни фотографии (сите фотографирани во општина Пробиштип, со мотиви од карактеристични и препознатливи обележја за нашата општина)
o Може да се достави и само една фотографија за учество
o Може да се учествува со највеќе 5 (пет) фотографии

Фотографиите треба да бидат јасно одбележани за која од двете категории се испратени
Фотографиите што не одговараат на темата нема да влезат во изборот за наградите

Фотографиите не треба да бидат потпишани (“watermark”, “signature”) или на кој било начин означени со име или идентификација на фотографијата
Фотографијата не треба да содржи име, презиме, иницијали, рамки или какви било текстуални карактери и симболи за идентификација на предната страна

Фотографиите не треба да се претходно објавувани во весници, магазини, каталози или да имаат учествувано на други натпревари
Фотографиите што не одговараат на темата нема да влезат во изборот за наградите

Фотографиите на зададената тема и слободна тема, треба да се фотографирани во Пробиштип,
Испратените фотографии не треба да содржат елементи на насилство, порнографија, расизам или некој друг облик на дискриминација

Испратените фотографии не треба да ја нарушуваат приватноста на луѓето, односно сите фотографирани луѓе мора претходно да дале согласност за тоа.

Сите детали се на следниот линк foto-konkurs-2016

Јавен повик за учесници на проектот “Развивање на МЕКИ Вештини за ДОЛГОРОЧНО (Само)Вработување!!!”

Почитувани,

Ви објавуваме повик за учесници на проект, кој Општина Пробиштип, во соработка со “Волонтерски Центар Скопје” и “Да Научиме” ќе го спроведува во следните неколку месеци. Проектот ќе биде имплементиран со грант добиен од страна на ПСМ и Евро Центар фондациите, во рамките на проектот “Градење на локални капацитети за креирање на младински политики”, поддржан и финансиран од страна на Европската Унија.

За време на проектот се предвидени следниве активности:

–       Дискусија за презентирање на целите на проектот, закажана за 15ти Ноември 2016 година.

–       Часови по англиски и италијански/германски јазик, два пати неделно, во периодот 16ти Ноември 2016- 16ти Јануари 2017 година.

–       Три дво-дневни обуки на тема: активно граѓанство, менаџирање на проектен циклус и лобирање и застапување, кои ќе се одржат 1-2 Декември, 15-16 Декември и 12-13 Јануари.

–       Завршна конференција/дискусија за презентирање на резултатите од проектот, на 17ти Јануари 2017 година.

Обуката е наменета пред се за млади невработени луѓе, на возраст од 18-27 години, жители на Општина Пробиштип.

Доколку сте заинтересирани да бидете дел од обуката, ве замолуваме да ни испратите ваша кратка биографија (или само да ни испратите мејл со ваше име и презиме и контакт мејл/телефон) најдоцна до Петок, 11-ти Ноември, на мејлот на Волонтерски Центар Скопје:  vcs_contact@yahoo.com;

Повик за обука/курс за дизајн, шиење и везење

ПРОЕКТ ,,Преку убавината на ракотворбата до интегрирање”

(Градење локални капацитети за креирање на младински политики)
Здружението на граѓани ХЕНДМЕЈД АРТ Пробиштип, објавува јавен
повик за учество во проект финансиран од Европската Унија преку ИПА инструмент – Национална програма 2011, имплементиран од ПСМ Фондација и Фондација ЕВРОЦЕНТАР и подржан од Општина Пробиштип
Целта на проектот е вклучување на младите во процесите на одлучување и поставување механизми за долгорочен развој и имплементација на локалните
младински политики.

javen-povik

Се грижиме за топол дом

Општина Пробиштип во соработка со ОО„Црвен крст“ Пробиштип и Центарот за социјална работа започнаа да ја спроведуваат акцијата „Се грижиме за топол дом“. Преку оваа акција ги повикуваме сите жители од општината кои имаат можност и кои имаат вишок мебел, покуќнина и апарати за домаќинството а не им се потребни да ги донираат на оние на кои имаат потреба од вакви работи со што ќе ја покажат својата хуманост и општествена одговорност. Целта на акцијата е задовололување на основните потреби на граѓаните кои не можат да си обезбедат средства за купување на овие работи.

Сите граѓани кои имаат можност да донираат да се јават на тел.број во општина Пробиштип 032/483-131 локал 120, во Центарот за социјална работа, 032/483-127  и во ОО „Црвен крст“ 071/246-745 Пробиштип. Исто така на овие телефонски броеви можат да се јават или да се обратат во овие  институции (општина Пробиштип, Центар за социјална работа и ОО „Црвен крст“) и семејствата и поединците во социјален ризик кои имаат потреба од ваква донација.

Да ја покажеме хуманоста и општествената одговорност и да донираме на оние семејства кои имаат потреба од ваква донација.

topol-dom

На 21 Октомври во Пробиштип се одржа сообраќајно воспитна кампања „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“

Согласно целите од Втората Национална стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2015 -2020, голем акцент се става на заштита на децата како ранлива група на учесници во сообраќајот, притоа поставувајќи цел 0 (нула) деца жртви во сообраќајот. По тој повод ОСБСП заедно во соработка со Општина Пробиштип, Полициската станица во Пробиштип и општинските училишта  организираа дефиле на деца – пешаци, кои преку транспарентите кои што  ги носеа, упатиja порака до сите учесници во сообраќајот,  при што децата  упатија јасна и силна порака „Внимавајте на децата и кога се на улица и кога се покрај улицата“.

ОСБСП

Повик за Предлог Годишни Програми за 2017 година за Здруженија на граѓани на територија на општина Пробиштип

Општина Пробиштип објавува Повик за Предлог Годишни Програми со цел подршка на активности во 2017 година, со финансиски средства од буџетот на општина Пробиштип.

Повикот за однесува за здруженија на граѓани на територија на општина Пробиштип кои работат во областа на образование, култура, заштита на животната средина, социјална заштита, здравствена заштита, земјоделие, организации на жени, здруженија на пензионери итн.

Предлог Годишните Програми треба да се достават во Одделението за локален економски развој и заштита на животната средина.

Исто така, здруженијата треба да достават и Тековна состојба на правното лице од единствениот трговски регистар и регистарот на други правни лица од Централен регистар на РМ и Извештај за користење на финансиски средства од буџетот на општина Пробиштип во претходната година, со листа и период на реализирани активности за кои се искористени средствата.

Краен рок за доставување 28.10.2016 година.