Бесплатни очни прегледи по повод светскиот ден на здравјето

На 5.04.2018 година, по повод 7 – април Светскиот ден на здравјето, Здравствениот дом “Нада Михајлова” во заедничка соработка со општина Пробиштип ќе овозможи бесплатни очни прегледи за сите заинтересирани граѓани во насока на превенција на нивното очно здравје
Термин од 10 – 14 часот.

Др. Гоце Неделковски

Одбележан 3 Април – Ден на нападот на Пробиштип од Третата македонска ударна бригада

Денес, во Пробиштип со пригодна манифастација и положување на свежо цвеќе традиционално се одбележа 3-ти Април – Ден на нападот на Пробиштип од Третата македонска ударна бригада.

Организатор на манифестацијата беше Организацијата на резервните офицери на Република Македонија од Пробиштип, а на истата настапија ученици и членови на литературниот клуб „Процвет“ со поетско читање, балетското студио „Магија“ од Пробиштип и КУД „Злетовски рудар“.

По повод празникот, покрај многубројните делегации и делегација на општина Пробиштип, предводена од Секретарот на општината, Невенка Нотевска, положи свежо цвеќе на спомен паркот „Братство и единство“ во Пробиштип.

3 April 2018-1 3 April 2018-2

Во паркот и на снег се садеа розите на љубовта

По петти пат во паркот, на Младенци, се засадија рози во чест на љубовта.

Петта година по ред младенците, кои се венчани во минатата година ги садат розите на љубовта.

Годинава, иако во мошне лоши временски услови, со снег и студено време сепак, младенците дојдоа да си ја засадат својата роза, која во текот на годината ќе ја посетуваат и ќе ја негуваат, а таа роза ќе ги потсетува на овој убав момент.

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов лично им го честита овој свечен миг, а за спомен од настанот направија една групна фотографија.

mladenci 1 mladenci 2 mladenci 3

“Парк на младенци“ 2018

По повод христијанскиот празник Младенци, празникот на љубовта и младоста, општина Пробиштип и оваа година ќе го организира настанот „Парк на младенци“.

Во тоа име ги покануваме сите младенци на 22-ри март (четврток) во10 часот да бидат дел од настанот кој ќе се одржи во Градскиот парк во Пробиштип и да ја засадат својата роза која е симбол на убавина, мир и љубов.

Општина Пробиштип потпиша меморандум за соработка со Стопанска комора – Регионална комора Штип

Денес (20.03.2018) се одржа Осмата седнца на  Стопанската комора – Регионална комора од Штип, на која градоначалникот на општина Пробиштип и претседателот на Регионалната комора од Штип, Наум Барзов, потпишаа меморандум за соработка.

Меморандумот за соработка предвидува размена на информации од областите од заедничките интереси, заедничко учество во изработка на апликации и соработка во Проекти, заедничко решавање на клучни прашања од значење на бизнис секторот и подобрување на бизнис климата. Иницијативност и организираност, со еден нов модерен пристап и значителен придонес на Општината во унапредување на бизнисот и бизнис климата на локално ниво.

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, истакна дека во наредниот период ќе работи на зајакнување на односите со сите целни групи и здруженија во општина Пробиштип и регионот, со единствена цел за подобрување на условите за живот во Општината и дека заедно со Регионалната комора ќе работи на решавање на отворени прашања од локално и регионално ниво, со директно вклучување на претставници на Комората во активностите, особено во делот на Локалниот економски развој.

Општина Пробиштип, во соработка со Регионалната комора ќе иницира организација на локални, регионални, национални и прекугранични бизнис средби, учество на саеми и форуми за бизнис, со што директно ќе помага во развојот и иновативноста на локалните бизниси.

stopanska komora 2

Нема поскапување на цената на водата во општина Пробиштип

На денешната 7-ма седница на Советот на општина Пробиштип, Гадоначалникот и советниците едногласно не дозволија поскапување на цената на водата, иако ЈКП „Никола Карев“ од Пробиштип, согласно  добиените насоки од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, имаше поднесено предлог – Одлука за поскапување на цената на водата во општина Пробиштип за 3,5 денари за м3.

Со направените анализи се донесе Заклучок дека со одговорно и домаќинско работење на ЈКП „Никола Карев“ и сегашната цена на водата е соодветна за да може истото рентабилно да работи.

И во наредниот период општина Пробиштип, заедно со Советот ќе работи и ќе ги штити исклучиво интересите на нејзините граѓани.

Благодарници за учениците од ООУ „Никола Карев“

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов ѝм додели благодарници на минатогодишните победници на Пробиштипскиот маскенбал на директорката, менторите и дечињата, и ѝм честита за освоените места на „Струмичкиот карневал“ и прилепскиот карневал „Прочка“.

Овие награди се признанија за креативната и посветена работа на менторите и дечињата, но и за општината  која го организира Пробиштипскиот маскенбал веќе 9 години по ред и си го зазема местото во културните манифестации во општината.

karneval priem1

Бесплатни курсеви по англиски јазик за возрасни

Локалната самоуправа на општина Пробиштип во соработка со волонтерите на Мировен корпус во Пробиштип  и оваа година ќе организираат бесплатни курсеви по англиски јазик за возрасни лица.

Курсевите е предвидено да се одржуваат два пати неделно, во попладневен термин, додека локацијата и точното време ќе бидат одредени дополнително во соработка со пријавените лица. Терминот предвиден за почеток на предавањата е 15 март 2018 година.

Ги покануваме сите заинтересирани граѓани кои сакаат да бидат дел од овој проект да почнат со пријавување. Пријавувањето може да го направат на e-mail: info@probistip.gov.mk или на тел. 032/483-131, со тоа што задолжително ќе остават свој телефонски број и лични податоци.

Рокот на пријавување е до 9 март до 15.30 часот.

Ангажиран мобилен логопед во општина Пробиштип

Согласно предвидените активности во Програмата за социјална, детска и здравствена заштита, oпштина Пробиштип ангажира мобилен логопед во детската градинка и училиштата во општината.

Ангажираното лице ќе врши логопедско тестирање кај деца над четири годишна возраст со цел да се утврдат говорните проблеми кај децата и реалната потреба за логопедски третман. Прво ќе се врши тестирањето во градинката опфаќајки ги сите три клона и по извршената обсервација ќе се работи индивидуално со секое дете.

Успешноста во третманот, освен од стручната подготовка и креативноста на логопедот зависи и од објективните услови за работа, а тоа е организација на просторот и расположливата опрема. Стандардите бараат строго индивидуализирана работа и во сите три клона адаптирани се простории  за индивидуален логопедски третман со децата.

Во иднина за подобри резултати општина Пробиштип ќе обезбеди средства просториите да се адаптират во логопедски кабинети со опрема за професионален третман.

100 дена Градоначалник на општина Пробиштип – Драган Анастасов

Во изминативе 100 дена јас како градоначалник на Општина Пробиштип заедно со Советот и целокупната администрација вложивме максимални напори подеднакво да се посветиме на реализацијата на нашите програмски определби во сите наведени области.

Довербата која ни ја дадоа граѓаните за Нас значи обврска и поттик за подобрување на условите во секојдневното живеење на Општина Пробиштип.

Во овој извештај се наоѓаат превземените чекори, активности и Проекти кои Општина Пробиштип ги реализираше или се во фаза на реализација во изминативе 100 дена.

Изминатите месеци заедно со Советот и административните службеници се работеше посветено, одговорно и чесно, следејќи ги потребите и интересите на граѓаните на Општина Пробиштип

·      Раздолжено е над 10 милиони денари од наследениот долг од над 160 милиони денари

·      Исплатени се сите заостанати обврски по основ на ваучери на граѓаните на општина Пробиштип во вредност од над 300.000 денари

·      Во соработка со Владата на Република Македонија и Министерството за транспорт и врски, обезбедени се средства од 6 милиони евра за реконструкција на патниот правец Пробиштип – Крупиште, со кои ќе биде реализиран еден од клучните Проекти во предизборната програма уште во првата година од мандатот. Во месец март следи тендерска постапка, а почетокот на градежните активности е предвиден за месец мај

·      Директно учествувавме во преговорите и реализацијата на влезот на странски капитал во АД Стрмош

·      За прв пат во општина Пробиштип се обезбедени по 5.000 денари за секое новороденче. Средствата се скратени од контото за репрезентација.

·      Исконтролирани се и завршени над 30 легализации кои со месеци биле чувани во фиока од неразбирливи причини

·      Обезбедени се 4 согласности и распишан е Оглас за доекипирање на Против Пожарната Единица за прв пат после 20 години

·      Изготвена е техничка документација и Обезбедени се 8.000.000 денари за нова детска градинка во Калниште од Министерството за труд и социјална работа и политика. Општината во овој Проект ќе вложи сопствени средства од 198.000 денари

·      Во тек е подготовка на Апликација за реконструкција на градинката во Злетово (промена на прозори, врати и кров) која ќе се аплицира до јапонската амбасада, од каде се предвидени средства од 3.700.000 денари.

·      Обезбедени се средства од за промена на кровот на ООУ „Браќа Миладиновци“ во вредност од 4.700.000 денари од Министерството за образование и наука

·      Добиен е проект од Мировниот корпус за набавка на наставно нагледни средства во ООУ „Браќа Миладиновци“

·      Обезбедени се средства за реконструкција на санитарните јазли во ООУ „Никола Карев“ во вредност од 6.000.000  денари од Министерството за образование и наука

·      Обезбедени се средства од 600.000 евра од Република Словенија и во завршни преговори сме да обезбедиме уште 600.000 евра од Владата на Република Македонија (кои ќе бидат вкупно 1.200.000 евра и најголема донација во историјата на Пробиштип) со кои ќе се зголеми капацитетот на пречистителната станица и реконструкција на старата пумпна станица во село Ратавица, со што општина Пробиштип ќе добие можност за да обезбеди водоснабдување и во руралните средини.

·      По повеќе неделни лобирања и преговори договорено е МЕПСО да инвестира 2.450.000 евра во изградба на нов 110 киловолтен далековод што ќе ги поврзува Штип и Пробиштип. Стариот далековод е активен од 1972 година и е стар повеќе од 45 години. Со овој капитален проект значајно ќе се зголеми доверливоста и капацитетот на преносната мрежа во источниот регион, а особено е значајно подобрувањето на условите за снабдување со квалитетна електрична енергија за Пробиштип и Злетово.

·      Деблокиран е и продолжен со реализација Европскиот ИПА Проект за реконструкција на Дом на култура, со сопствено учество за санација на нарушената статиката на објектот во вредност од 2.500.000 денари

·      Добиен е ИПА Проект во вредност од 17.000.000 денари за БИООТПАД, кој Општина Пробиштип веќе го реализира во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и прекуграничните партнери од Република Грција. Со реализација на овој Проект, Општината ќе добие две големи компостари за биоотпад, кои ќе бидат поставени во централното градско подрачје и населбата Калниште, со што ќе биде прва Општина во Република Македонија и регионот која ќе селектира био отпад за компостирање и Општина пионер за системот на плаќање на комуналните сметките по принципот „Секој плаќа колку што фрла“.

·      Домаќинско и одговорно се работише со парите на граѓаните. Доказ за тоа е следното:

o   Се намалија месечните трошоците за течни горива над 60%

o   Се потрошија 0 денари за репрезентација

·      За прв пат, неселективно, се обезбедија социјални божиќни пакети за СИТЕ корисници на социјална и постојана парична помош

·      За прв пат, неселективно, се обезбедија новогодишни пакетчиња за СИТЕ деца во детската градинка

·      Ангажиран е логопед во детската градинка и општинските основни училишта

·      Започнати се активностите за номинирање на Лесново за ГЕО ПАРК – Втор на Балканот и единствен во Македонија, со средства од Програмата за зачувување на природата.

·      Донесени се Програмите за работа за 2018 година

·      Донесен е Буџетот за 2018 година, кој и покрај тоа што е рестриктивен поради огромните долгови, сепак во него се вметнати клучните проекти за 2018 година

·      Во моментот се врши ажурирање на базата на податоци за данок на имот во целата општиина – Формирани се 4 комисии кои имаат за цел да го почитуваат принципот „рамноправност во наплатата за сите“

·      Формирани се 3 тима за детектирање на проблеми со кои се соочуваат граѓаните за да се преточат во Проекти

·      Во индустриската зона Неокази интензивно се работи на завршување на канализацијата и пречистителната станица

·      Се гради канализацијата во село Неокази

·      Тротоарите на улица „Миро Барага“ се во завршна фаза

·      Завршена е експропријацијата и потпишан е Договор со изведувач за асфалтирање и изградба на потпорен ѕид на улицата која се протега од старото училиште до мостот во Калниште

·      Експроприрани се парцели за проширување на градските гробишта во вредност од 700.000 денари (За да биде појасно: На денот на примопредавањето на власта, наследивме само 6 останати гробни места)

·      Тампонирана е главната патека во градските гробишта и се подготвува за поплочување со бекатон плочки

·      Изготвено е идејно решение и започната е изградбата на канализационен крак за Градската капела која е изградена без соодветен приклучок на канализација, поради што сеуште не е пуштена во употреба

·      Направена е целосна анализа на работењето на ЈКП „Никола Карев“ од Пробиштип и донесена е одлука да се воведе втора смена за изнесување на сметот, два дена во неделата (среда и сабота)

·      Започната е процедура за донесување на 10 Детални урбанистички планови за Пробиштип, 1 детален урбанистички план за Пониква и 1 урбанистичко планска документација за село Лесново

·       Воспоставен е приемен ден со градоначалникот, во сабота од 11 часот (во зависност од работните обврски), кој трае до прием и на последниот заитересиран граѓанин  на кој се примени над 700 граѓани, што докажа дека граѓаните на општина Пробиштип имаат наталожени проблеми кој не биле решавани со години.

·      Разработен и анализиран е План за воспоставување на приемен ден со градоначалникот во Злетово секоја последна сабота од месецот, кој ќе стартува од месец март

·      Концепиран и подготвен Проект „Градоначалникот во моето маало„ кој ќе старува во месец март со целосна агенда за посети и разговор за тековните проблеми на градоначалникот со свои тимови, во сите МЗ во општината најмалку еднаш на три месеци. Со овој Проект ќе го олесниме начинот на комуникација на граѓаните на општина Пробиштип со градоначалникот и општинските службеници и ќе мотивираме поголема заинтересираност за детектирање и презентирање на локалните проблеми, во директен контакт со надлежните.

·      Напорно и несебично се работи на ветената целосна ревизија на работењето на претходното раководство, која граѓаните на општина Пробиштип ја очекуваат. Во неа се вклучени соодветните институции од Република Македонија, за што поради обемната документација, сеуште и после повеќе од 100 дена, Извештаите не се готови. Досегашните проценки се поразителни за Општината и граѓаните. Наскоро, кога Извештаите ќе бидат целосно готови, ќе ги објавиме и за истите ќе следат соодветни кривични пријави за засегнатите чинители

 

Почитувани сограѓани,

Напорно работевме, се обидувавме за секој проблем да најдеме решение. Некои проблеми брзо се решаваат, но има и такви за кои е потребно малку повеќе време и трпение.

Ви давам искрено ветување дека и во следниот период ќе продолжиме со интензивна работа, со посветеност, со желбата и мотивираност да го оствариме ветеното и да создадеме услови за подобар живот на сите граѓани на општина Пробиштип.

Со почит,
Драган Анастасов – Ладич
Градоначалник на општина Пробиштип

100 dena Dragan Anastasov