Општина Пробиштип го одбележа 5 Октомври – „Денот на учителот“

Со свеченост во салата на Совето на општина Пробиштип и годинава беа прогласени најдобрите учители. Јулијана Мицовска, од ЈОУДГ „Гоце Делчев“, Маја Митевска Поцева, од ООУ „Браќа Миладиновци“, Даниела Стојанова, од ООУ „Никола Карев“ и Југослав Јакимовски од СОУ „Н.Н. Борче“ се овогодишните добитница на ова престижно признание, кое веќе десета година по ред Општина Пробиштип им го дава на најдобрите учители во овие општински установи. На свеченоста за значајот на празникот говореше Раководителот на Одделението за јавни дејности, Раде Илиевски, а Градоначалникот Драган Анастасов на присутните учители честитајќи им го празникот, говореше што се е направено во изминатата година во воспитно образовните установи во општината, за подобрување на условите за престој и за настава и што се ќе биде направено во наредниот период.

Горди се од Општина Пробиштип со фактот што сме единствени во државата, што на ваков начин го одбележуваме овој значаен датум. На свеченоста од ООУ „Браќа Миладиновци“ имаше една прекрасна музичка точка, насловена „Нема ништо посилно од љубовта“. По повод денот беше распишан литературен конкурс на тема „Учителот“, а Градоначалникот на најдобрите три им даде пригодни награди. Среќен празник и за многу години драги учители…

den na ucitel 2019 2 den na ucitel 2019 3 den na ucitel 2019 4 den na ucitel 2019 5 den na ucitel 2019 6 den na ucitel 2019 7 den na ucitel 2019 8

Бесплатни ортопедски прегледи за доенчиња и мали деца

Општина Пробиштип ќе започне со реализација на активност – Бесплатни  ортопедски прегледи за доенчиња и мали деца предвидена во програмата за социјална детска и здравствена заштита. Ортопедските ехо-прегледи ќе се вршат во просториите на Здравствен дом „Нада Михајлова“ Пробиштип од 09-16 часот од страна на д-р Мирјана Рунчева  специјалист по ортопедија од ПЗУ „Ортомедик“ Штип.

Првите бесплатни ортопедски прегледи ќе се извршат на ден 05.10 2019 година (сабота) од 9 – 16 часот.

Пријавувањето за ехо-ортопедски преглед е секој работен ден од 08-16 часот  во Здравствен дом „Нада Михајлова” на тел.078-235-764 (Сузана Трајковска).

Реализирана активност од комисијата за еднакви можности на жените и мажите

Согласно предвидената активност во програмата за работа на комисијата за еднакви можности за 2019 во областа на здравстевната заштита во с.Ратавица се одржа едукативно предавање од страна на доктор специјалист- гинеколог д-р Дарко Андоновски. Присутните се информираа за патолошките промени на грлото на матката, здравствените ризици и навремената превенција за здрав животен стил и квалитетен животен век.

Целта на оваа активност е подигање на свеста на жената за навремените гинеколошки прегледи кои се посебно важни во животот на секоја жена.

Соопштение до спортските друштва

Општина Пробиштип во фаза е на изготвување на Програмите за 2020 година.

Се известуваат сите спортски друштва кои се регистрирани и функционираат, односно се натпреваруваат во некоја од македонските лиги,  да достават Програма за 2020 година, во која треба да се содржани сите активности кои што ги планирате, со вкупно потребен Буџет, врз основа на што би Ве предвиделе во Буџетот на општина Пробиштип со дел од средства како поддршка на спортот и спортските активности во нашата опоштина. Програмите да ги доставите до Одделението за јавни дејности при Општина Пробиштип секој работен ден од 07.30 – 15.30 часот, а најдоцна до 15.10.2019 година (вторник). Повеќе информации на тел: 483 131 локал 107.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ

LEAD MK стипендирана програма за млади

Повик за аплицирање за Проектот на УСАИД за граѓанско учество
LEAD MK е стипендирана програма и преставува современа програма за лидерство и застапување за младите на возраст 18-25, со цел да ги подобрат своите вештини и знаења, и преку нив да придонесат за позитивен развој на своето опкружување.

Апликациската форма и целосниот повик за апликации може да го најдете во прилог на овој меил, но и на нашата веб страна.

Повикот за апликации е отворен до 4 октомври, 12:00 на пладне.

Известување – логопед во Злетово

Се известуваат сите заинтересирани родители, чиишто деца имаат потреба од логопед, да закажат термин  за логопетски третмани на телефонскиот број 075 389-555.

Логопетските третмани ќе се извршуваат во месеците септември, октомври, ноември и декември, секој петок од 17:00-19:30 часот во просториите на ПУ Злетово од страна на  логопед Татјана Љапова.

Општина Пробиштип ја реализира оваа активност согласно програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2019 година.

Известување – логопед

Се известуваат сите заинтересирани родители, чиишто деца имаат потреба од логопед, да закажат термин  за логопетски третмани на телефонскиот број 075 389-555.

Логопетските третмани ќе се извршуваат во месеците септември, октомври, ноември и декември, секој работен ден од (понеделник до четврток) од 17:00-19:30 часот во просториите на ООУ „Браќа Миладиновци“ од страна на  логопед Татјана Љапова.

Општина Пробиштип ја реализира оваа активност согласно програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2019 година.

СРЕЌЕН ПОЧЕТОК ПРВАЧИЊА – Започна новата учебна 2019/2020 година

Со свеченост на која учествуваат учениците, во сите општински училишта во 7 и 30 часот со звукот на звончето и официјално започна новата учебна година. Во општина Пробиштип новата учебна година ја започнаа 1360 ученика, од кои 1074 во основните, а 286 ученика во средното општинско училиште.

Во училишните клупи за прв пат седнаа 109 првачиња, од кои 73 во ООУ „Браќа Миладиновци“ и 36 во ООУ „Никола Карев“.  Во СОУ „Н.Н. Борче“ во прва година се запишаа 78 ученика.

Градоначалникот Драган Анастасов на сите првачиња, честитајќи им го првиот ден на училиште и посакувајќи им среќа и успех во учењето,  им дари училишен прибор.

2 3 4

Измена на време за јавно наддавање за издавање под закуп на локации за поставување на штандови и тезги

Во врска со јавниот оглас спроведување постапка за издавање под закуп на локации за поставување на штандови и тезги на градскиот плоштад во Пробиштип за време на одржување на манифестацијата „Недела на спорт и култура“ 2019, во деновите 26 и 27.08.2019 година по пат на усно јавно наддавање. ЛИНК

Ве известуваме дека јавното наддавање се менува времето на одржување и ќе се одржи во 10:00 наместо 12:00ч., на ден 16.08.2019 година (петок) во конференциската сала во Домот на култура „Злетовски рудар“ Пробиштип.

 

 

 

Јавен оглас за спроведување постапка за издавање под закуп на локации за поставување на штандови и тезги

Врз основа на Одлуката за спроведување постапка за издавање под закуп на локации за поставување на штандови и тезги за време на одржување на манифестацијата „Недела на спорт и култура“ 2019 по пат на усно јавно наддавање од Градоначалникот на Општина Пробиштип бр.08-748/2 од 31.07.2019 год, Комисијата за јавно наддавање на Општина Пробиштип  го  донесе следниот:

ЈАВЕН ОГЛАС
За спроведување  постапка за издавање под закуп на локации за поставување на штандови и тезги на градскиот плоштад  во Пробиштип за време на одржување на манифестацијата „Недела на спорт и култура“ 2019, во деновите 26 и 27.08.2019 година по пат на усно јавно наддавање

  1. Закуподавач: Општина Пробиштип ул.Јаким Стојковски бр.1 Пробиштип тел.032/483-131, факс 483-047.
  2. Повикот е јавен и отворен со право на учество на сите домашни правни лица регистрирани за вршење на угостителска дејност
  3. Предмет на закупот е:

 

Р.бр.

 

Опис

Локации за поставување на штандови на секундарниот градски плоштад во Пробиштип

Почетна цена Праг за наддавање
1 Локација бр.1 Според скица која ќе биде презентирана на состанокот. 30.000 денари 500 денари
2 Локација бр.2 Според скица која ќе биде презентирана на состанокот. 30.000 денари 500 денари
3 Локација бр.3 Според скица која ќе биде презентирана на состанокот. 30.000 денари 500 денари
4 Локација бр.4 Според скица која ќе биде презентирана на состанокот. 30.000 денари 500 денари
5 Локација бр.5 Според скица која ќе биде презентирана на состанокот. 30.000 денари 500 денари
6 Локација бр.6 Според скица која ќе биде презентирана на состанокот. 30.000 денари 500 денари
7 Локација бр.7 Според скица која ќе биде презентирана на состанокот. 30.000 денари 500 денари

 

Р.

бр.

 

Опис

Локации за поставување на тезги на секундарниот градски плоштад во Пробиштип

Почетна цена Праг за наддавање
1 Локација бр.1 Според скица која ќе биде презентирана на состанокот. 1.000 денари 500 денари
2 Локација бр.2 Според скица која ќе биде презентирана на состанокот. 1.000 денари 500 денари

Постигнатата цена на закупнина ќе се пресметува и плаќа во рок од 3 дена по завршувањето на усното јавно наддавање.

Времетраењето на закупот е 2 дена за време на одржувањето на манифестацијата „Денови на спорт и култура“ односно за деновите 26 и 27 август 2019 година.

 

  1. Закупот ќе се изврши со усно јавно наддавање.

– За учество на јавниот повик секој понудувач е должен да уплати депозит во висина од 50% од утврдената почетна цена за закуп.

– Депозитот се уплаќа на депозитна сметка во рамките на трезорската сметка    или на благајната на општина Пробиштип, за секоја локација посебно. Доколку заинтересираните кандидати сакат да учествуват на наддавањето за повеќе локации, во тој случај треба да уплатат депозит за толку локации за колку што ќе наддаваат.

– Рокот за уплата на депозитот е најдоцна  час  пред часот утврден за  јавното наддавање.

-Наддавањето ќе се изврши доколку во оставениот рок има најмалку еден пријавен кандидат, во спротивно наддавањето ќе се повтори.

– На јавното наддавање не може да учествува лице кое навремено не го уплатило предвидениот износ на депозитот наведен во овој повик.

– Јавното наддавање ќе се спроведе на ден 16.08.2019   година (петок) со почеток во 12.00 часот во часот во конференциската сала  во Домот на култура „Злетовски рудар“ Пробиштип.

– Овластените претставници на наддавачите, за учество на јавното наддавање на комисијата треба да и достават писмено овластување потпишано од одговорното лице кај правното лице –понудувач.

-По завршување на јавното наддавање најповолниот понудувач треба да го уплати постигнатиот износ за закуп во рок од 3 дена од денот на завршувањето на јавното наддавање. Во спротивно, депозитот ќе му се задржи, а локацијата ќе се издаде на второ рангираниот учесник на јавното наддавање.

– По завршување на изборот на најповолен понудувач , на сите учесници во јавното наддавање кои не се избрани, средствата од депозитот ќе им бидат вратени најдоцна во рок од 7 дена од денот на јавното наддавање.

– Со најповолно избраниот наддавач ќе се склучи договор  во рок од 3 дена од јавното наддавање за уредување на мегусебните права  и обврски.

-Правните лица кои ќе вршат продажба на  производи во готовинско плаќање треба да поседуваат фискален апарат и да издаваат фискални сметки  онаму каде што ќе се врши продажбата.

-Доколку правните лица вршат продажба само за време на оваа манифестација треба да бидат регистрирани како обврзници од времен карактер.

-Организаторот на манифестацијата „Недела на спорт и култура“ 2019, се оградува од било какви евентуални последици по учесниците на манифестацијата по основ на поседување  на фискален апарат и издавање на фискални сметки.

 

Комисија за јавно наддавање
Претседател,
с.р. Радослав Илиевски

Јавен оглас