Известување за дератизација 04.10.2024

Ве известуваме дека на ден 04.10.2024 година (петок) на територијата на општина Пробиштип ќе се изврши Дератизација (еден третман – аплицирање на хемиски мамец).

Службата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација ангажирана од Општина Пробиштип ќе изврши  Дератизација во шахти во централното градско подрачје и приградските населби во Калниште, Пробиштип и Злетово, со опфат на поголемите капацитети (училишта, здравствен дом, ЈКП и поголемите индустриски капацитети).

КОНТИНУИРАН МОНИТОРИНГ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ 2024 ГОДИНА

КОНТИНУИРАН МОНИТОРИНГ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ

МЕРЕЊЕ НА ЦВРСТИ ЧЕСТИЧКИ – PM10 (µg/m³) ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ 2024 ГОДИНА

МЕРНО МЕСТО ЦЕНТАР – ПРОБИШТИП

mesec septemvri 2024 centar-probistip

И З В Е С Т У В А Њ Е

Општина Пробиштип е во фаза на изработка на програми за 2025 година. Од таа причина ги повикуваме сите спортски здруженија и поединци кои делуваат на територијата на општина Пробиштип, а кои планираат да имаат спортски активности во наредната 2025 година, да достават програма заедно со финансиска конструкција, а ќе бидат финансиски поддржани од Буџетот на Општина Пробиштип. Програмите да ги достават до Општина Пробиштип Одделение за јавни дејности најдоцна до 07.10.2024 година до 15:30 часот.

Реализација на проект Реконструкција и модернизација на улично осветлување на општина Пробиштип

Општина Пробиштип врз основа на Договорот за под-заем и грант помеѓу Министерството за финансии и Општина Пробиштип како корисник на подземот и грантот во рамките на Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор што се спроведува преку проектната единица на Министерство за финансии, а со финансиска поддршка од Меѓународна банка за обнова и развој – Светска банка, го реализираше проектот „Реконструкција и модернизација на улично осветлување на општина Пробиштип.“ Реализацијата на овој проект изнесува 23.032.497 денари од кои 80% се кредит, а 20% се грант.

Проектот опфаќа замена на постоечки 1637 енергетско неефикасни светилки со ЛЕД светилки, од кои 954 бр.- 20W, 454 бр-40W и 262 бр-70W,  како и обезбедени резерва ЛЕД светилки и тоа 29бр-20w, 4бр2-40w и 10бр-75w.

Целта на проектот е да се подобри јавното  осветлувањето во општина Пробиштип а воедно да се намали потрошувачката на електрична енергија за јавно осветлување со што ќе се реализира енергетската ефикасност и намали загадувањето со CO2.

Општината евидентира реална заштеда во потрошената електрична енергија и ефикасноста е во просек од 65% годишно помалку потрешена електрична енергија и соодветно намалено емитирање на CO2. Осветленоста на улиците е на повисоко ниво со подобрени светлосни карактеристики, бенефит од реализацијата на овој проект имаат сите жители на општина Пробиштип, бидејќи проектот се реализира како во градот, така и во сите населени места на територијата на општина Пробиштип.

ИЗВЕСТУВАЊЕ – Прскање против комарци 5 Септември

На 05.09.2024 (четврток) во периодот од 22 часот до раните утрински часови наредниот ден, 06.09.2024 (петок), на територијата на општина Пробиштип ќе се изврши адултицидно третирање (прскање од земја) против комарци за оваа година.

Акцент при прскањето ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии, патот кон с. Стрмош и сите поголеми населени места.

Се известуваат граѓаните да го имаат во предвид третирањето во овој временски период и да превземат заштитни превентивни мерки.

Известување

Врз основа на Јавен повик за избор на Управен одбор во ЈКП Никола Карев Пробиштип ар.бр.26-507/7, Комисијата за селекција за избор на членови во Управен одбор закажа интервју со кандидатите со уредна документација кои продолжуваат во понатамошна постапка за селекција.
Интервјуто е закажано за ден 15.08.2024 година од 12:00 часот.