Бадниково гранче 2022

По повод најголемиот верски празник , Божиќ, во организација на Општина Пробиштип на месноста Жгури, традиционално се организира берење на бадникови гранчиња и палење на коледарски оган.

По тој повод ги известуваме сите заинтересирани граѓани на општина Пробиштип, на ден 05 јануари (среда), во 10 часот од пред зградата на Општина Пробиштип, во центарот на градот ќе има бесплатен организиран превоз до месноста Жгури каде ќе се одржи оваа веќе традиционална манифестација, на која ќе се избере и новиот кум, кој ќе биде дел од организацијата на настанот во наредната година.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
Одделенеи за јавни дејности

Соопштение за јавен увид на урбанистички план со намена е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 1389 и 1390

С О О П Ш Т Е Н И Е За спроведување на јавен увид по

 

УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕ СО НАМЕНА Е1.13-ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ НА КП 1389 И 1390 КО ДОБРЕВО- ОПШТИНА ПРОБИШТИП

 Член 1

Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира Јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на  урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 1389 и 1390 КО Добрево – општина Пробиштип, со Тех.бр.329/21 од декември 2021 год., изработен од страна на планерската куќа Друштво за урбанизам, проектирање и инженеринг „ТЕКТОН” ДООЕЛ – Скопје.

Член 2

Проектниот опфат на Урбанистичкиот проект вон опфат на  урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 1389 и 1390 КО Добрево – општина Пробиштип се наоѓа североисточно од градот Пробиштип во м.в. Завој, КО Добрево, општина Пробиштип. Пристапот до проектниот опфат е од постоен некатегоризиран пристапен пат од западната страна и до сега не бил опфатен со урбанистичка документација. Во границите на планскиот опфат нема постојни објекти.

Границите на проектниот опфат се:

  • Север – КП 1385и 1391/1 КО Добрево;
  • Исток – КП 1388 КО Добрево;
  • Југ – КП 1385 и 1386 КО Добрево;
  • Запад – КП 1385 КО Добрево.

Апроксимативна површина на проектен опфат е 0.499 ха.

Со овој урбанистички проект се планира градба од групата на класи на намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани. Во рамки на предметниот проектен нема изградени објекти и истиот не е опремен со комунална инфраструкутра. Со планирањето на нова градежна парцела ќе се овозможи задоволување на потребите за изградба на фотоволтаична централа со капацитет од 1 MW.

Во границите на планскиот опфат планирана е 1 градежна парцела со следните основни класи на намена:

-Е1 – Сообраќајни, линиски и други инфраструктури

-Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани

со можност за вградување на компатибилни класи на намена на основните согласно Правилникот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“, број 225/20 и 219/21год.).

Целта  на изработката на Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 1389 и 1390 КП Добрево – општина Пробиштип е да се оформи градежна парцела за изградба на фотоволтаична централа за производство на електрична енергија што претставува стратешки потег во обезбедување на енергетска независност како и зачувување на земјиштето од загадување.

Соопштение за ЈУ во УП со намена Е1.13 на КП 1389 и 1390, КО Добрево, Пробиштип – 22.12.202 potp.p.g.

04-1_Урбанистички-проект-вон-опфат-за-изградба-на-Фотоволтаична-централа-КП-1389-и-1390,-КО-Добрево-Пробиштип-136