СООПШТЕНИЕ за спроведување на ларвицидно третирање против комарци на територија на општина Пробиштип

Општина Пробиштип ги информира граѓаните дека во четврток, 09 Април 2026 година, согласно Програмата за општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2026 година и препораките на Министерството за здравство, ќе се извршат следните активности:
Прв ларвициден третман комбинирано со фрлање на гранули и прскање против комарци од земја на подрачјето на општина Пробиштип
Овој третман ќе ги опфати стоечките неистечни води, согласно Стручниот елаборат за превентивна и задолжителна дезинсекција и дератизација на територијата на општина Пробиштип за 2026 година:
– Долж течението на река Злетовица од населено место Злетово, преку с. Ратавица, до м.в. Киселица
– Долж течението Маричанска рака, од м.в. Маричански дол, па се до чешмата во приградска населба Калниште, на патот кон м.в. Леговец
– Двете јаловишни депонии (стара и нова)
– Кундинско езеро на површина
– Брана Пишица на површина
– Руднички базен и фонтани во градски парк
Третманот ќе се изврши со почеток во 09:00 часот.
Ги молиме граѓаните за соработка и придржување кон соодветни мерки на претпазливост за време на спроведувањето на третманите.

Со почит,
Општина Пробиштип

Известување

Врз основа на Јавен повик за избор на членови на Надзорен одбор во ЈКП Никола Карев Пробиштип ар.бр.26-259/15, Комисијата за селекција за избор на членови во Надзорен одбор закажа интервју со кандидатите со уредна документација кои продолжуваат во понатамошна постапка за селекција.
Интервјуто е закажано за ден 30.03.2026 година од 11:30 часот.

Известување

Врз основа на Јавен повик за избор на член на Управен одбор во ЈКП Никола Карев Пробиштип ар.бр.26-259/14, Комисијата за селекција за избор на член во Управен одбор закажа интервју со кандидатите со уредна документација кои продолжуваат во понатамошна постапка за селекција.
Интервјуто е закажано за ден 30.03.2026 година од 08:30 часот.

Записници од административна селекција за членови на Управен и Надзорен одбор на ЈКП Никола Карев – Пробиштип

Записник од административна селекција за член на УО на ЈКП Никола Карев

Записник од административна селекција за членови на НО на ЈКП Никола Карев

ДНЕВЕН РЕД на 8-та редовна седница на Советот на општина Пробиштип

ДНЕВЕН РЕД
на 8-та редовна седница на Советот на
општина Пробиштип
(13.03.2026 година, 11:00)

1. Финансиски и наративен извештај од Младински центар-Здружение Грит за 2025 година;
2. Извештај за работа на ЈКП Никола Карев Пробиштип за 2025 година;
3. Финансов извештај на ЈКП Никола Карев Пробиштип за 2025 година;
4. Извештај за работа на ОУ Дом на култура Злетовски рудар Пробиштип за 2025 година;
5. Финансов извештај на ОУ Дом на култура Злетовски рудар Пробиштип за 2025 година;
6. Финансов извештај на ЈОУ ДГ Гоце Делчев Пробиштип за 2025 година;
7. Финансов Извештај на СОУ Наум Наумовски Борче за 2025 година;
8. Финансов извештај на ООУ Браќа Миладиновци Пробиштип за 2025 година;
9. Финансов Извештај на ООУ Никола Карев Пробиштип за 2025 година;
10. Финансиски извештај на Општина Пробиштип за 2025 година со годишна завршна сметка;
11. Анекс кон годишна програма за работа на ООУ Никола Карев Пробиштип за учебната 2026/2027 година;
12. Анекс кон годишна програма за работа на ООУ Браќа Миладиновци Пробиштип за учебната 2026/2027 година;
13. Одлука за кофинансисрање на средства од буџетот на Општина Пробиштип за проектoт Изградба на систем за водоснабдување на село Дренак, Општина Пробиштип.

ДНЕВЕН РЕД на 7-та редовна седница на Советот на општина Пробиштип

ДНЕВЕН РЕД
на 7-та редовна седница на Советот на
општина Пробиштип
(26.02.2026 година, 16:00)

1. Анекс на Годишна програма за работа на ООУ „Никола Карев“ Пробиштип за учебната 2026/202
2. Извештај за работа на ТППЕ Пробиштип за 2025 година
3. Извештај за реализација на Програмата за изградба и одржување на локални патишта и улици во Општина Пробитип за 2025 година
4. Развојни програми за изработка на
– ДУП за УПС Лесново;
– УПВНМ Леговец 1;
– УПВНМ Леговец 2;
– ДУП за УБ 14.2;
– ДУП за УБ 16.2;
– ДУП за УБ 18;
5. Изменување на Подпрограмата за Дезинфекција, дезинсекција и дератизација (ДДД);
6. Јавен повик за избор на член на Управен одбор на ЈКП Никола Карев Пробиштип;
7. Јавен повик за избор на членови на Надзорен одбор на ЈКП Никола Карев Пробиштип;
8. Решение за формирање на Комисија селекција за избор на членови во Управен Одбор и Надзорен Одбор на ЈКП Никола Карев Пробиштип;
9. Одлука за утврдување на цена за собирање, транспортирање и депонирање на комунаен цврст отпад на територијата на Општина Пробиштип;
10. Одлука за утврдување на висината и начинот на наплата на надоместок за одржување на јавното урбано зеленило на подрачјето на Општина Пробиштип;
11. Програма за изменување и дополнување на програмата за одржување на јавно зелени површини за 2026 година;
12. Одлука за распишување на избори во месните заедници во Општина Пробиштип.

Јавен повик до здруженија на граѓани за предлагање на членови на Општински совет за социјална заштита

Врз основа на член 36 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа(Службен весник на РМ бр.5/2002) и член 21 став 1 точка 11, а во врска со член 15 став 1 точка 7 од Статутот на општина Пробиштип (Службен гласник на општина Пробиштип) 4/2005, 25/2014,14/2019 и 23/2019), а врз основа на Одлуката за формирање на Совет за социјална заштита на општина Пробиштип со број 26-904/10 од 27.09.2019 година Градоначалникот на општина Пробиштип на ден 18.02 2026 година објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

До здруженија на граѓани за предлагање на членови на Општински совет за социјална заштита

1. Цел на јавниот повик
За остварување на дејноста на социјалната заштита, општина Пробиштип , развива локални мерки и активности за социјална заштита согласно Законот за социјална заштита и формира Општински совет за социјална заштита. Општинскиот совет за социјална заштита покрај претставниците од установите е составен и од претстаници на даватели на услуга, здруженија на граѓани и други правни и физички лица кои вршат дејност на социјалната заштита.
Општина Пробиштип со овој јавен повик ги повикува здруженијата на граѓани , даватели на социјални услуги, стручни лица активни во областа на социјалната заштита, здравството, заштитата на деца , стари лица, лица со попреченост и други ранливи категории да предложат /овластат свои претставници за членови кои ќе учествуваат во работата на Општинскиот Совет за социјална заштита со мандат од 4 години.
Именуваните членови на Општинскиот совет за социјална заштита ќе извршуваат работи и задачи согласно Законот за социјална заштита, ќе учествуваат во изготвување на социјален план за подрачјето на општина Пробиштип кој содржи мапирање на социјалните проблеми и ранливите групи во општината, анализата на капацитетите и расположливите социјални услуги како и специфичните потреби за развој на социјални услуги во општина Пробиштип.

2. Право на учество имаат:
– Регистрирани здруженија согласно Закон за здруженија
-Имаат релевантно искуство во областа на социјалната заштита и спроведуваат активности во општина Пробиштип

3. Критериуми за предложените кандидати
-Да поседуваат соодветно образование или искуство во областа на социјалната заштита или сродни области
-Да живеат во општината и да уживаат углед и доверба во заедницата
-Да имаат интерес и подготвеност активно да учествуваат во работата на Советот за социјална заштита.
4. Потребна документација
-Образец -Пријава
-Кратка биографија за предложеното лице
-Одлука од надлежен орган на здружението за предлагање на кандидатот
-Решение (копија) за упис во регистар на здруженија на РСМ не постара од 6 месеци
-Изјава за согласност од кандидатот
5.Рок и начин на пријавување
Јавниот повик трае до 10 работни дена од денот на објавувањето .Целокупната документација се доставува до Архивата на Општина Пробиштип или преку пошта на адреса Јаким Стојковски бр.1 , 2210 Пробиштип секој работен ден од 07:30-15:30 часот или по електронски пат на емаил info@probistip.gov.mk.

ОБРАЗЕЦ ЗА ПРИЈАВА

ОБРАЗЕЦ ЗА ПРИЈАВА

ЈАВЕН ОГЛАС за работно ангажирање на работници по Акциониот план за јавни работи

Врз основа на член 84 став 1 од Закон за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на Република Македонија” („Службен весник на Република Македонија“ бр. 37/97, 25/00, 101/00, 50/01, 25/03, 37/04, 4/05, 50/06, 29/07, 102/08, 161/08, 50/10, 88/10, 51/11, 11/12, 80/12, 114/12, 39/14, 44/14, 44/14, 113/14, 56/15, 129/15, 147/15, 154/15, 27/16, 119/16, 21/18, 113/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 124/19, 103/21, 274/22, 132/25 и 269/25) и Програмата за извршување на јавни работи во Општина Пробиштип за 2026 година бр. 26-1101/17 од 09.12.2025 година, Градоначалникот на општина Пробиштип распиша:

ЈАВЕН ОГЛАС
За работно ангажирање на работници по
Акциониот план за јавни работи

Општина Пробиштип има потреба од работно ангажирање на осум работници за време од единаесет месеци со скратено работно време, за извршување на работи од јавен интерес на територијата на општина Пробиштип, а кои се однесуват на одржување и уредување на јавни површини и инфраструктурни објекти согласно Акциониот план за вршење на јавните работи.
Заинтересираните кандидати потребно е да достават:
-Пријава и
– Потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени.
Огласот трае 5 денови од денот на објавувањето односно до 30.01.2026 година.
Очекувана паричен надоместок за извршената работа: 16.000 денари месечно.
Ангажираните работници ќе бидат осигурани во случај на несреќа при работа и професионално заболување.
Пријавите се доставуваат директно во Архивата на општина Пробиштип .

Општина Пробиштип