Фасада на кино сала

Во текот на 2011 година се изврши целосна реконструкција на фасадата на кино салата, еден од најрепрезентативните објекти лоцирани во централното градско подрачје. Реконструкцијата на фасадата е следена и со модерна илуминација.

Асфалтирање на градски улици

Од 2009 до 2012 година во општина Пробиштип се асфалтираа повеќе од 20 улици. Со овој чекор општината не само што ги подобри условите за живеење на граѓаните туку и реши повеќедецениски проблем. Сите улици беа асфалтирани со средства обезбедени од буџетот на општината.
• Ул.Кочо Рацин
• Ул.Велко Влаховиќ“,
• Ул. “Димитар Влахов“,
• “22-ри Декември“,
• “Ѓорче Петров“,
• дел од ул “Скоевска“,
• “25-ти Мај“ ,
• “Питу Гули“,
• “Корушка“,
• “Едвард Кардељ“,
• “Доне Божинов“,
• “Древенска“
• “Добревска“,
• Дел од ул. “5та“,
• “Скопска“ ,
• “Стив Наумов“,
• “Рајко Жинзифов“,
• “Григор Прличев“,
• ул. „1-ва“,
• ул. “2-ра“,
• “Милорад Мишев“ во Злетово и
• реконструкција на улицата “Јане Сандански“ во Злетово

Асфалтирање патен правец Турско Рудари – Пантелеј

Во текот на 2011 година се асфалтираше патниот правец Т.Рудари–Пантелеј. Овој проект беше реализиран преку меѓуопштинска соработка помеѓу општина Пробиштип и општина Кочани со поддршка на Источниот плански регион. Вкупната инвестиција на овој проект изнесува 120.000 евра.

Асфалтирање на патен правец Пробиштип – с. Плешенци

Во текот на 2011 година се заврши со целосно асфалтирање на патниот правец Пробиштип-с.Плешенци. Вкупната должина на овој локален пат изнесува 3.291 метар. Овој проект е реализиран од страна на Агенцијата за државни патишта. Вкупната инвестиција изнесува 225.000 евра.

Реконструкција на улица “Миро Барага“

Реконструкцијата опфати поставување на комплетно нов асфалтен слој по целата должина, изградба на тротоари од двете страни на улицата со површина од околу 2550 м2 како и поставување на нови енергетски ефикасни светилки. Вредноста на инвестицијата изнесува 11 милиони денари.

Доасфалтирање на патот Стрмош – Дренак

По 8 години стагнација во 2010 година започна доасфалтирањето на патниот правец Стрмош – Дренак. Освен доасфалтирање на овој патен правец,  во рамките на проектот беше саниран и патниот правец  Пробиштип – с.Стрмош. Вкупната инвестиција изнесува 9.056.998 денари.

Реконструкција на патен правец Пробиштип – Ратавица преку Леговец

Реконструкција на локален пат Пробиштип-с.Ратавица, во должина од 4000 метри кои се комплетираа со доизградба на преостанатите 860 метри  со што се заврши целосната реконструкција на овој патен правец која опфати проширување на коловозната лента, поставување на ивичњаци и нов асфалтен слој.

Вкупната инвестиција за овој проект изнесува 600.000 евра.

Реконструкција на патен правец Пробиштип – Страцин

Еден од најзначајните и најстарите регионални патни правци со кои Пробиштип се поврзува со останатите општини е патниот правец Пробиштип – Страцин кој се реконструираше во должина од 26,3 км со поставување на комплетно нов асфалтен слој по целата должина и поставување на ивичњаци.
Вкупната инвестиција изнесува околу 236 милиони денари, средства обезбедени од Владата на РМ со поддршка од Светската банка.