Реконструкција на патен правец Пробиштип – Страцин

Еден од најзначајните и најстарите регионални патни правци со кои Пробиштип се поврзува со останатите општини е патниот правец Пробиштип – Страцин кој се реконструираше во должина од 26,3 км со поставување на комплетно нов асфалтен слој по целата должина и поставување на ивичњаци.
Вкупната инвестиција изнесува околу 236 милиони денари, средства обезбедени од Владата на РМ со поддршка од Светската банка.

Сообраќајно поврзување на патниот правец Злетово – Пониква

Поради поголемата вредност на оваа инвестиција, проектот ќе се реализира во неколку фази. Во првата фаза е пробиен е и тампониран дел од патниот правец Злетово – Пониква, односно тампониран е патот до с.Шталковица во иднина се очекува фазно решавање на овој патен правец со подршка на Владата на РМ.

Сообраќајно поврзување на патниот правец Пробиштип – Свети Николе

Поврзување на Пробиштип со Свети Николе преку с.Куково-с.Мечкуевци
Во месец Ноември 2013 година го пуштивме во употреба регионалниот патен правец Пробиштип – Свети Николе со должина од 28 километри. Со ова патното растојание меѓу овие две општини се крати за 25 км, а со изградбата на автопатот Миладиновци –Штип жителите на Пробиштип ќе патуваат до Скопје за 40 минути.
Вредноста на проектот е 52 милиони денари.