Вежбај здраво – чекори право

Вежбај здраво – чекори право
Имајќи го во предвид брзиот информатички развој и времето на децата поминато пред компјутерите, а со цел здрав и правилен физички развој на децата од основното образование, општината продолжува со имплементација на проектот Вежбај здраво – чекори право.

Награди за ментори на ученици

Награди за ментори на ученици
Покрај наградите за учениците кои освоиле I, II или III место, општината доделува и парични награди за нивните ментори како благодарност за нивниот вложен труд и посветено време.

Општината ги стипендира најдобрите ученици и студенти

Општината ги стипендира најдобрите ученици и студенти

Со цел поттикнување на најталентираните ученици и студенти, општината започна со стипендирање на двајца средношколци и тројца студенти од Пробиштип.

Промена на под во ПОУ “Кирил и Методиј“ во Злетово

Промена на под во ПОУ “Кирил и Методиј“ во Злетово
Во месец Ноември 2013 година се заврши поставувањето на нови подови во подрачното училиште “Кирил и Методиј“ во Злетово. Со реализацијата на овој проект старите и дотраени подови се заменија со нови модерни подови, кои освен за подобрување на естетскиот лик придонесуваат и за полесно и побезбедно движење на учениците и на наставниот кадар.
Проектот се реализираше со поддршка на УСАИД, а вредноста изнесува 1.500.000 денари.

Комплетна реконструкција на улица “Јаким Стојковски“

Комплетна реконструкција на улица “Јаким Стојковски“

Општина Пробиштип обезбеди финансиски средства од Светска банка за комплетна реконструкција на главната улица во Пробиштип “Јаким Стојковски“ во должина од 1220 метри. Во овој момент во тек е постапката за избор на Изведувач, а проектот ќе започне со реализција во месец Март 2014 година.

Вкупната инвестиција изнесува 29 милиони денари.

Реконструкција на локален пат с.Драч-с.Бунеш

Реконструкција на локален пат с.Драч-с.Бунеш
Во месец Август 2013 година се пушти во употреба патниот правец с.Драч – с.Бунеш во должина од околу 2 км.
Инвестицијата е со вредност од околу 15.000.000 денари, средства обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и рурален развој и од буџетот на општина Пробиштип.

Индустриска зона

Во месец Декември 2013 година завршивме значаен дел од инфрастуктурата во едната индустриска зона, кој се однесуваше на асфалтирање на улица во должина од 260 м и канализација во должина од 350 м.
Вкупната инвестиција изнесуваше околу 10 милиони денари.

Градски пазар

– Во месец Август 2013 година го завршивме и свечено го пуштивме во употреба новиот градски пазар кој претставува најголема инвестиција на општината во последните 20 години. Вкупната вредност за негова реализација изнесувеше 72 милиони денари.