По повод православниот христијански празник Богојавление – Водици, на 19.01.2026 година (понеделник) ќе се одржи традиционалната манифестација „Чествување на Водици“ во Злетово и Пробиштип.

Во Злетово, настанот ќе започне во 07:30 часот на локацијата „Пешка“, каде ќе се изврши осветување на водите на Злетовска Река и потопување на светиот крст. Светата литургија во црквата „Пресвета Богородица“ ќе започне во 06:00 часот.

Во Пробиштип, манифестацијата ќе се одржи во 11:00 часот на Аква паркот, каде ќе се осветат водите во градскиот базен и ќе се одржи традиционалното капење по светиот крст. Светата литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ ќе започне во 08:00 часот.

По завршувањето на литургиите, од двете цркви ќе се тргне со свечена литија кон местата на одржување на настаните, каде ќе се изврши чинот на осветување на водите и потопување на светиот крст.

Ги известуваме сите младоженци кои во текот на изминатата година стапиле во брак, како и сите граѓани кои имаат желба да учествуваат во капењето по светиот крст, дека е задолжително да извршат пријава во црквите во Пробиштип и Злетово.

Пријавувањето ќе се врши од 16 до 18 јануари 2026 година, секој работен ден, во период од 09:00 до 16:00 часот. Лицата кои нема да бидат пријавени нема да можат да учествуваат во капењето по светиот крст.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП