Општина Пробиштип во фаза е на изготвување на Програмите за 2026 година.

Се известуваат сите спортски друштва/поединци кои се регистрирани и функционираат, односно се натпреваруваат во некоја од македонските лиги или надвор од Македонија,  да достават Програма за 2026 година, во која треба да се содржани сите активности кои што ги планирате, со вкупно потребен Буџет, врз основа на што би Ве предвиделе во Буџетот на општина Пробиштип со дел од средства како поддршка на спортот и спортските активности во нашата опоштина. Програмите да ги доставите до Одделението за јавни дејности при Општина Пробиштип секој работен ден од 0730 – 1530 часот, а најдоцна до 14.11.2026  година (петок). Повеќе информации на тел: 483 131 локал 107.

                                                                                    ОПШТИНА ПРОБИШТИП

                                                                                ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ