Општина Пробиштип распишува јавен повик за корисници на надоместок
заради попреченост со навршени 26 години возраст, дете со
попреченост до 26 години живот корисник на посебен додаток како
паричен надоместок, корисници на гарантирана минимална помош и
корисници на правото на социјална сигурност на стари лица од ЈУ
Центар за социјална работа Пробиштип.
Висината на еднократна парична помош е утврдена во Програмата засоцијална детска и здравствена заштита за 2025 година, а по повод 28-
ми Август Празникот на градот и изнесува 20.000,00 денари .
Се повикуваат жителите на Општина Пробиштип да поднесат барање
доколку се :
– корисници на надоместок заради попреченост со навршени 26 години
возраст
– корисници на посебен додаток како паричен надоместок од ЈУ Центар
за социјална работа Пробиштип .
– корисници на гарантирана минимална помош од ЈУ Центар за
социјална работа Пробиштип .
– корисници на правото на социјална сигурност на стари лица од ЈУ
Центар за социјална работа Пробиштип .
Потребни документи за поднесување:
– Пополнето барање за еднократна парична помош – изјава за давање
согласност
– копија од важечка лична карта
– копија од трансакциска сметка
– Решение за остварено право од ЈУ Центар за социјална работа
Пробиштип
Рок и начин на пријавување
Сите наведени категории на граѓани од Општина Пробиштип имаат право
да поднесат барање со потребните документи во архивата на Општина
Пробиштип во рок од два (2) месеци од објавувањето на јавниот повик.
Начин на одобрување
Комисија формирана од Градоначалникот на општина Пробиштип
составена од членови од Општина Пробиштип и ЈУ Центар за социјална работа
Пробиштип ќе ги разгледува доставените пријави и во рок од 5 дена ќе состави
записник и ќе го извести Градоначалникот на Општина Пробиштип кој ќе донесе
Решение за исплата на еднократната парична помош.

Јавен повик еднократна помош