Иницијативниот одбор за формирање на Локално собрание на млади распишува Јавен повик за членови во Локално собрание на млади на Општина Пробиштип. Иницијативниот одбор се формира само за оддржување на конститутивната седница на Локалното собрание на млади. Иницијативниот одбор иницира и заседава со конститутивната седница на Локалното собрание на млади заедно со одговорното лице на Општина Пробиштип.
На јавниот повик право на учество имаат претставници на младински организации, организации за млади, ученички и студентски организации, политички подмладоци и други облици на младинско здружување кои се активни и/или спроведуваат активности за млади на територија на општина Пробиштип.
Организациите и здруженијата имаат право да номинираат делегат и заменик делегат на возраст од 15 до 29 години.
Потребни критериуми се следните: да се жители на општина Пробиштип, да се активно вклучени и поседуваат искуство во работа со млади и/или младински организации.
Повеќе информации околу потребните документи и детали може да прочитате во прикачениот Јавен повик.

Јавен повик локално за членство во собрание на млади

пријава

Изјава за заштита на лични податоци

Изјава за прифаќање на номинација