Општина Пробиштип ја информира јавноста дека подготви Извештај за Стратегиска оцена на животна средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за некласификувана инфраструктура со намена Е3.1 – локални депонии за одлагање на неопасен отпад – депонија за комунален отпад во Општина Пробиштип, и истиот ќе биде ставен на јавен увид во текот на 15 дена од 23.07.2024 до 07.08.2024 година, во кој период ќе можат да доставуваат забелешки и сугестии по електронски пат на info@probistip.gov.mk или по пошта: општина Пробиштип ул. “Јаким Стојковски” бр.1, 2210 Пробиштип.
Извештајот за стратегиска оцена на влијание врз животна средина ќе биде изложен во Општина Пробиштип, во Одделение за ЛЕР и заштита на животна средина, секој работен ден од 07.30 – 15.30 часот во период од 23.07.2024 до 07.08.2024 година.

Известување за стратегиска оцена на животната средина