ОПШТИНА ПРОБИШТИП

 Број  26-1027/1

 07.11.2025 година

 ПРОБИШТИП

 

Врз основа на член 37 од Законот за локална самоуправа (Службен Весник на РМ бр.5/2002 и Службен Весник на РСМ бр.202/24) и член 7 став 2 од Деловникот на Советот на општина Пробиштип (Службен Гласник на општина Пробиштип бр.5/2005, 23/2019 и 42/2020) Претседателот на Советот на општина Пробиштип од предходниот состав  донесе:

 

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

За свикување  на првата конститутивна седница на

 Советот на  Општина Пробиштип

Ја свикувам првата конститутивна седница на Советот на општина Пробиштип.

Седницата ќе се одржи  на ден 11.11.2025 година (вторник)  со почеток во 12,00  часот во конференциската сала во Домот на културата Пробиштип, со следниот:

ДНЕВЕН   РЕД

  1. Усвојување на Деловник за работа на Советот на Општина Пробиштип на првата конститутивна седница;
  2. Конституирање на Советот на општина Пробиштип;

–  Формирање на Верификациона Комисија;

– Верификација на мандатите на членовите на Совет на општина Пробиштип;

– Потпишување свечени изјави

  1. Избор на претседател на Советот на општина Пробиштип;

– Формирање на Кандидациона Комисија;

  1. Формирање на Комисија за мандатни прашања, избори и именувања;
  2. Овластување на членови на Советот за склучување на бракови на територијата на општина Пробиштип;

 

                                                                         СОВЕТ НА ОПШТИНА ПРОБИШТИП

                                                                                    Претседател

                                                                           Дарко Анастасовски