Во општина Пробиштип во тек е реализацијата на Проектот „Ревитализација и автоматизација на постоечките објекти за снабдување со вода за пиење во општина Пробиштип“, во вредност од 1,2 милиони евра, средства обезбедени по половина од Центарот за меѓународна соработка и развој од Република Совенија и Владата на Република Македонија.
Во моментот е завршен делот за надградба на постоечката пречистителна станица за вода за пиење Пробиштип и поставен е дополнителен ултрафилтрациски модул со капацитет од 25 l/s.
Со ова вкупниот капацитет на произведена вода за пиење е 100 l/s.
Во следната фаза на проектот следи рехабилитација и автоматизација на пумпните станици Ратавица, Злетово и Добрево. Приоритет е даден на пумпната станица Ратавица како најсложен објект, објект кој не работи и е запуштен, уште од моментите на пуштењето во употреба на филтер станицата во Пробиштип пред 6 години.
Целата постоечка хидромеханичка и електро опрема е извадена и се работи на санација на објектот, односно градежно-занаетчиски работи.
Воедно, во процедура е набавката на новата хидромеханичка и електро-командна опрема за сите пумпни станици, како и за новата трафостаница за пумпната станица Ратавица.

53032379_2127948020630978_6488965869312409600_n