По повод верскиот православен христијански празник „Водици“ на 19.01.2018 година (петок) во Злетово со почеток во 07:00 часот на местото викано „Пешка“ и во Пробиштип со почеток во 11:00 часот во Аква парк “Македонија”, ќе се одржи манифестацијата „Чествување на Водици“ на која ќе се осветат водите во Злетовска река и во градскиот базен каде ќе се капат голем број на наши сограѓани во потрага по светиот крст. Во Злетово литургијата во црквата „Пресвета Богородица“ ќе започне во 06:00 часот, а во Пробиштип во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ќе започне во 09:00 часот. По завршување на литургијата од двете цркви со литија капачите и граѓаните ќе дојдат до местото на настанот каде ќе се изврши осветување на водите и фрлање на светиот крст.

vodici