Оглас за пријавување на интерес на угостители за учество во проектот БИООТПАД

Отворена покана за учество во проектот BIOWASTE
Краен рок за изразување интерес: 20 декември 2017

BIOWASTE_Povik-1 (1)

Рамковната Директива на Унијата за отпад (98/2008), има поставено многу амбициозни цели за сите главни аспекти до 2020 година. Поддршката и проширувањето на шемите за основно одделување е единствен начин да се постигнат овие цели, независно од применетата технологија за селекција и избор на отпад, а особено по однос на отпадот од органско потекло (отпад од храна и растенија). Целта која Директивата ја има поставено до 2020 година е дека најмалку 10% од вкупните количества отпад ќе бидат подложени на селекција. Во општините кои имаат развиен туризам, над 50% од вкупните количества цврст отпад се произведуваат од угостителските објекти. Постапката за селекција која се фокусира токму на овие објекти и од нив произведениот отпад, може да им помогне на општините делумно или целосно постигнување на поставените цели со многу помали ресурси и напори отколку изработка и спроведување на специфична шема.

Целна група на овој систем за управување со отпад од органско потекло се големите производители како што се хотелите и другите угостителски објекти, без фаворизирање на било кој од нив. Оттука, во рамките на овој проект Општината ќе: а) развие целосен систем „плаќај колку што создаваш отпад“ (PAYT); б) набави соодветна опрема за спроведување на PAYT систем (опрема за мерење која ќе се монтира на камионите за собирање на отпад, канти со систем за идентификација); и в) постави самостојна компостерска единица (ACU) со работна зафатнина 8-15 m3 во близина на хотелските или другите угостителски објекти за третман на отпадот од органско потекло без потреба за негово собирање. ACU се мали, интегрирани, компостерски единици кои не создаваат непријатни мириси или отпадни течности.

Со спроведувањето на BIOWASTE проектот, Општината ќе развие нов систем на управување со отпадот од органско потекло преку селекција при самото негово создавање, ќе ја намали потрошувачката на гориво кај возилата за собирање и носење на отпадот, со што ќе ја намали вкупната емисија на штетни гасови во атмосферата.

Отворен ден со граѓаните на општина Пробиштип (02.12.2017)

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, на ден 02.12.2017 година (сабота) од 11:00 часот организира „Отворен ден со граѓаните на општина Пробиштип„, на кој граѓаните ќе имаат можност да разменат идеи, проекти или да решат конкретни случаи со Градоначалникот.

Отворен ден со граѓаните на општина Пробиштип (25.11.2017)

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, на ден 25.11.2017 година (сабота) од 11:00 часот организира „Отворен ден со граѓаните на општина Пробиштип„, на кој граѓаните ќе имаат можност да разменат идеи, проекти или да решат конкретни случаи со Градоначалникот.

ПРОБИШТИП ФОТО 2017 – Конкурс

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
објавува:

Награден Фото КОНКУРС
“ПРОБИШТИП ФОТО 2017

ТЕМА:
„МОЈОТ УБАВ  ПРОБИШТИП“

Основни критериуми за учество:

• Се учествува со 2 (две) фотографии на зададената тема ( ситефотографирани во Пробиштип)

и до 3 (три) слободни фотографии (сите фотографирани во општина Пробиштип, со мотиви од карактеристични и препознатливи обележја за нашата општина)

o Може да се достави и само една фотографија за учество

o Може да се учествува со највеќе 5 (пет) фотографии

• Фотографиите треба да бидат јасно одбележани за која од двете категории се

испратени

• Фотографиите што не одговараат на темата нема да влезат во изборот за

наградите

• Фотографиите не треба да бидат потпишани (“watermark”, “signature”) или на

кој било начин означени со име или идентификација на фотографијата

• Фотографијата не треба да содржи име, презиме, иницијали, рамки или какви

било текстуални карактери и симболи за идентификација на предната страна

• Фотографиите не треба да се претходно објавувани во весници, магазини,

каталози или да имаат учествувано на други натпревари

• Фотографиите што не одговараат на темата нема да влезат во изборот за

наградите

• Фотографиите  на зададената тема и слободна тема, треба да се фотографирани во Пробиштип,

• Испратените фотографии не треба да содржат елементи на насилство,

порнографија, расизам или некој друг облик на дискриминација

• Испратените фотографии не треба да ја нарушуваат приватноста на луѓето,

односно сите фотографирани луѓе мора претходно да дале согласност за тоа

________________________________________________________________

Техничко – уметнички критериуми за учество:

• Фотографиите ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да се достават во:

  • електронска форма снимени на CD со висока резолуција (најмалку 5 мегапиксели)
  • Да се во JPEG формат
  • Да се најмалку 72 dpi
  • 4:3 / 3:2 / 16:9 (Пропорција на стандардна фотографија)

Секоја фотографија која нема да биде согласно погоре

наведените карактеристики ќе биде дисквалификувана и нема да биде

разгледувана од жири комисијата

• Дозволено е софтверско интервенирање на фотографиите

• Фотографијата ќе се оценува според композицијата. Начинот на којшто се

вклопени фотографираните елементи, кои треба да прават успешна целина во

уметничка смисла

• Фотографиите треба да содржат напредни естетски елементи. Тоналитет,

форма, текстура, ритам, баланс, движење и сл.

• Фотографијата не треба да биде премногу темна, нити премногу светла

• Фотографијата мора да има доволно видливи детали

Награди :

• Општина Пробиштип за првите три фотографии во двете категории обезбеди

награди и тоа:

o Фотографии на зададена тема:

I место – 4.000 денари

II место – 2.000 денари

III место – 1.000 денари

o Фотографии на слободна тема:

I место – 2.000 денари

II место – 1.500 денари

III место – 1.000 денари

• Наградите ќе бидат доделени на 7 Декември, а по повод празникот, 8 Декември 2017 година – „Свети Климент Охридски“  на изложбата која по тој повод, од пристигнатите фотографии, ќе биде поставена во Домот на културата во Пробиштип.

______________________________________

Доставување на фотографиите за учество:

  • Фотографиите (секоја со наслов), да се достават со наведена шифра, во плик

во кој ЗАДОЛЖИТЕЛНО во помал затворен плик се доставуваат личните

податоци за учесникот (име, презиме, телефонски број и сл.)

  • Секој учесник кој при отварањето на фотографиите нема затворен

плик со податоци и за кој јасно може да се определи за која личност

станува збор ќе биде дисквалификуван и фотографиите нема да

се разгледуваат

  •  Фотографиите да се испратат на адреса: Општина Пробиштип, ул. Јаким

Стојковски бр.1 или да се донесат во Канцеларијата на Одделението за јавни

дејности во Општина Пробиштип, со назнака: За награден фото Конкурс

„ПРОБИШТИП“ – 2017, најдоцна до 21.11.2017 година (Вторник) до

16.00 часот.

  •  Жири комисијата најдоцна до 24.11.2017 година ќе ги селектира фотографиите

и ќе ги објави на официјалната фан страна на Facebook за да можат сите

заинтересирани да гласаат за истите.

  • (Гласањето на Facebook ќе има влијание во одлуката на жири

комисијата, но освоените гласови нема да значат и конечен

пласман на фотографиите)

  • Жири комисијата најдоцна до 05.12.2017 година ќе ги објави наградените

фотографии преку медиумите, на официјалната WEB страна на општина

Пробиштип www.probistip.gov.mk и на официјалната Facebook фан страна.

Авторски права:

  •  Со предавањето на фотографиите за учество на Конкурсот секој потврдува

дека:

  • е автор на фотографиите
  • фотографијата не е претходно изложена или објавена
  • ги отстапува авторските права на Општината Пробиштип со

неограничено право да ги објавувува, разменува, печати или пренесува

на трети лица

  • На Фото Конкурсот немаат право на учество вработените во

општинската администрација како и нивните потесни семејства

  • За подетални информации на бројот 032/483-131 лок.107, или на е-маил: info@probistip.gov.mk

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
Одделение за јавни дејности

probistip-foto-2017