Отворен ден со граѓаните на општина Пробиштип (27.10.2018)

Општина Пробиштип на ден 27.10.2018 година (сабота) од 11:00 часот организира „Отворен ден со граѓаните на општина Пробиштип„, на кој граѓаните ќе имаат можност да разменат идеи, проекти или да решат конкретни случаи со Градоначалникот.

Соопштение до спортските друштва

Општина Пробиштип во фаза е на изготвување на Програмите за 2019 година.

Се известуваат сите спортски друштва кои се регистрирани и функционираат, односно се натпреваруваат во некоја од македонските лиги,  да достават Програма за 2019 година, во која треба да се содржани сите активности кои што ги планирате, со вкупно потребен Буџет, врз основа на што би Ве предвиделе во Буџетот на општина Пробиштип со дел од средства како поддршка на спортот и спортските активности во нашата опоштина. Програмите да ги доставите до Одделението за јавни дејности при Општина Пробиштип секој работен ден од 0730 – 1530 часот, а најдоцна до 24.10.2017 година (среда). Повеќе информации на тел: 483 131 локал 107.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ

Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог – Детален урбанистички план за Урбан Блок 15 Урбан опфат 15.2

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање  („Сл.Весник на РМ” бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16 и бр.64/18 год.) и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Прбиштип за 2018 година со Одлука Број 26-851/11 од 01.12.2017 год., објавена во „Сл.Гласник” на Општина Пробиштип Бр.3/2017 год., донесена од страна на Советот на Општина Пробиштип, Градоначалникот на Општина Пробиштип  го дава  следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на јавна презентација и јавна анкета  по
Предлог – Детален урбанистички план за Урбан Блок 15 Урбан опфат  15.2,
Општина  Пробиштип

Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира  јавна презентација и јавна анкета по  Предлог – Детален урбанистички план за Урбан Блок 15 Урбан опфат  15.2, Општина  Пробиштип, во м.в. Град, КО Пробиштип, Општина  Пробиштип, со Тех. број 07/2018 од мај 2018, изработен од  Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ Скопје.

Границата на планскиот опфатот е дефинирана на следниот начин:

-На север границата започнува од КП Бр.549/2 и продолжува понатаму на север по осовината на ул. „Доне Божинов” до КП Бр.540/1.

-На запад границата започнува од КП Бр.540/1 и се движи јужно по осовината на пешачката патека до КП Бр.540/2.

-На југо-запад границата започнува од КП Бр.540/2 и се движи по осовината на ул. „Илинденска” до КП Бр.540/5.

-На југ границата започнува од КП Бр.540/5 и се движи на исток по осовината на ул. „Илинденска” се до КП Бр.538/3, од каде продолжува да се движи на југо-исток по осовината ул.„Јордан Стојанов” се до КП Бр.549/7.

-На исток границата започнува од КП Бр. 549/7 и се движи на север по осовината на  ул.„Јордан Стојанов” се до КП Бр.549/2.

Површината на планскиот опфат изнесува  П=5,04 ха.

ЈАВНА  ПРЕЗЕНТАЦИЈА
со стручно презентирање на

Предлог – Детален урбанистички план за Урбан Блок 15 Урбан опфат  15.2, Општина  Пробиштип, во м.в. Град, КО Пробиштип, Општина  Пробиштип, со Тех. број 07/2018 од мај 2018, изработен од  Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ Скопје, ќе се одржи на ден 30.10.2018год. (вторник) со почеток во  12.00  часот во салата на Советот на Општина Пробиштип, во Домот на културата –  Пробиштип.

ЈАВНА  АНКЕТА  по

Предлог – Детален урбанистички план за Урбан Блок 15 Урбан опфат  15.2, Општина  Пробиштип, во м.в. Град, КО Пробиштип, Општина  Пробиштип, со Тех. број 07/2018 од мај 2018, изработен од  Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ Скопје, ќе трае 12 (дванаесет) работни дена и во електронска и во писмена форма, секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот во просториите на Одделението за Урбанизам при општина Пробиштип, во периодот од  17.10.2018 год.  до 02.11.2018 год., во кој период заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови, кои можат да ги подигнат од Општинскиот центар за услуги (шалтерот) во зградата на кино салата, и од web страната на Општина Пробиштип, или во електронска форма преку информацискиот систем e-urbanizam. Во прилог на анкетните листови  да се достави копие од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.

Графичкиот  прилог  од  Предлог – Деталниот урбанистички план за Урбан Блок 15 Урбан опфат  15.2, Општина  Пробиштип,  ке  биде  изложен  на   огласна  табла  пред влезот на Општинскиот центар за услуги (шалтерот) во зградата на кино салата, во информацискиот систем e-urbanizam и на web страната на Општина Пробиштип www.probistip.gov.mk, а подетални информации во врска со   Деталниот урбанистички план  може да се добијат во  Одделението за урбанизам на Општина Пробиштип, кое се наоѓа во просториите на зградата на кино салата на вториот кат.

Анкетен лист

Известување за ЈП и ЈА-1 pot.

Соопштение за ЈП и ЈА ДУП 15.2.p.g.

DUP-15.2-PROBISTIP-100