Отворен ден на градоначалникот во Злетово (04.05.2018)

Општина Пробиштип на ден 04.05.2018 година (петок) организира „Отворен ден со жителите на Злетово“, на кој жителите ќе имаат можност да разменат идеи, проекти или да споделат проблем за решавање со Градоначалникот на општина Пробиштип.
Средбите со Градоначалникот ќе се одржат од 12 часот, во просториите на поранешната Општина (над поштата во Злетово).

Соопштение “Зелникот на баба” 2018

Почитувани сограѓанки,

На 24 март 2018 година (сабота) со почеток во 12 часот на градскиот плоштад ќе се одржи седмото издание на манифестацијата „Зелникот на баба“. Вообичаено ќе бидат изложени сите изработки од тесто на вредните наши сограѓанки и секако гостите од Македонија, Бугарија и Србија. На лице место ќе се демонстрира како се изработува овој наш традиционален специјалитет и печење под вршник. Ќе има натпревар во брзо сукање, а ќе има и едукација за изработка на зелник. Ќе бираме и нај етно украсена маса. Ги повикуваме сите наши сограѓанки кои сакаат да учествуваат на оваа убава манифестација да се пријават во Одделението за јавни дејности при Општина Пробиштип или на телефон 483 – 131, локал 107, каде ќе ги добијат сите потребни информации за учество.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ

zelnik 2018