Отворена покана за учество во проектот BIOWASTE
Краен рок за изразување интерес: 20 декември 2017

BIOWASTE_Povik-1 (1)

Рамковната Директива на Унијата за отпад (98/2008), има поставено многу амбициозни цели за сите главни аспекти до 2020 година. Поддршката и проширувањето на шемите за основно одделување е единствен начин да се постигнат овие цели, независно од применетата технологија за селекција и избор на отпад, а особено по однос на отпадот од органско потекло (отпад од храна и растенија). Целта која Директивата ја има поставено до 2020 година е дека најмалку 10% од вкупните количества отпад ќе бидат подложени на селекција. Во општините кои имаат развиен туризам, над 50% од вкупните количества цврст отпад се произведуваат од угостителските објекти. Постапката за селекција која се фокусира токму на овие објекти и од нив произведениот отпад, може да им помогне на општините делумно или целосно постигнување на поставените цели со многу помали ресурси и напори отколку изработка и спроведување на специфична шема.

Целна група на овој систем за управување со отпад од органско потекло се големите производители како што се хотелите и другите угостителски објекти, без фаворизирање на било кој од нив. Оттука, во рамките на овој проект Општината ќе: а) развие целосен систем „плаќај колку што создаваш отпад“ (PAYT); б) набави соодветна опрема за спроведување на PAYT систем (опрема за мерење која ќе се монтира на камионите за собирање на отпад, канти со систем за идентификација); и в) постави самостојна компостерска единица (ACU) со работна зафатнина 8-15 m3 во близина на хотелските или другите угостителски објекти за третман на отпадот од органско потекло без потреба за негово собирање. ACU се мали, интегрирани, компостерски единици кои не создаваат непријатни мириси или отпадни течности.

Со спроведувањето на BIOWASTE проектот, Општината ќе развие нов систем на управување со отпадот од органско потекло преку селекција при самото негово создавање, ќе ја намали потрошувачката на гориво кај возилата за собирање и носење на отпадот, со што ќе ја намали вкупната емисија на штетни гасови во атмосферата.