По повод Денот на македонската револуционерна борба – „23 Октомври“, во организација на Општина Пробиштип и Дом на култура „Злетовски рудар“ Пробиштип, на 21 Октомври (петок), во минералошката збирка при Домот на култура со почеток во 1130 часот, ќе се одржи предавање на тема „Фазите во развојот на македонското национално револуционерно движење“ со посебен акцент на национално револуционерната дејност на Методија Шаторов – Шарло. Предавач Д-р Соња Николова.