Им соопштуваме на сите наши сограѓани, дека манифестацијата „Берење на бадникови гранчиња“,која секоја година се одржува во месноста Жгури, ќе се одржи на ден 04.01.2018 година (петок) со почеток во 11 часот.
За сите заинтересирани граѓани ќе има организиран превоз од пред киното во центарот на град во период од 10,00 – 10,15 часот.
Кумови на овагодишната манифестација се Дејан Јосев и Атинка Стојчевска Барљамова.
Дојдете да се дружиме, да береме бадникови гранчиња, да се забавуваме и да направиме еден убав вовед во нашиот најголем празник – Божиќ…

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
Одделение за јавни дејности