• март 18, 2017
  • 12:00
  • Градскиот плоштад „Свети Гаврил Лесновски“ - Пробиштип

Почитувани сограѓани,

И оваа година по повод денот на  пролетта, на 18 март (во сабота) на градскиот плоштад „Свети Гаврил Лесновски“ со почеток во 12 часот ќе се одржи „Зелникот на баба“ на кој ќе присуствуваат наши сограѓани, гости од 16 општини во Република македонија и гости од Ќустендил, Република Бугарија. Задолжени за културно уметничкиот дел од програмата  на манифестацијата се КУД „Злетовски рудар“,„Веселите пензионери“, Фолклорен ансамбл „Тоска“, музичката група „Еуфорија“  и фолк ѕвездата Блага Петреска. На лице место ќе се сука и ќе се пече  под вршник. Зелникот ќе се продава на парче, а средствата што ќе се уберат ќе бидат наменети во хуманитарни цели.

Годинава ќе има натпревар во брзо сукање и ќе се врши обука за изготвување на зелник. Вообичаено ќе има демонстрација на сукање и печење на зелникот под вршник, а ќе бираме и најдобро украсена етно маса.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ