• април 5, 2018
  • 12:00
  • Градски плоштад - Пробиштип

На 05 април (четврток) на градскиот плоштад во Пробиштип ќе се одржи манифестацијата „Велигденски хепенинг 2018“.

На манифестацијата ќе бидат изложени голем број на шарени велигденски јајца, од кои ќе се изберат најшарените, најинвентивно украсените велигденски јајца, кои ќе бидат наградени.

Изложените велигденски јајца ќе се продаваат, а средствата кои ќе се соберат ќе бидат наменети во хуманитарни цели.

Целиот настан ќе биде со голема културно уметничка програма, која ќе ја изведат дечињата од ПУ „Ванчо Трајкoв“, од приградска населба Пробиштип Годинава ќе им се придружат и дел од нивните другарчиња од Балетското студио „Магија“ и КУД „Злетовски рудар“, кои работат при Дом на култура „Злетовски рудар“ Пробиштип.

Манифестацијата ќе започне точно на пладне, во 12 часот.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ РАБОТИ

veligdenski hepening2