• април 14, 2017
  • 12:00
  • Градски плоштад "Св. Гаврил Лесновски" Пробиштип

На 14 април (Велики петок) на градскиот плоштад во Пробиштип ќе се одржи манифестацијата „Велигденски хепенинг 2017“.

На манифестацијата ќе бидат изложени голем број на шарени велигденски јајца, од кои ќе се изберат најшарените, најинвентивно украсените велигденски јајца, кои ќе бидат наградени.

Изложените велигденски јајца ќе се продаваат, а средствата кои ќе се соберат ќе бидат наменети во хуманитарни цели.

Целиот настан ќе биде со голема културно уметничка програма, која ќе ја изведат дечињата од ООУ „Никола Карев“. Годинава ќе им се придружат и дел од нивните другарчиња од ООУ „Браќа Миладиновци“ Пробиштип.

Манифестацијата ќе започне точно на пладне, во 12 часот.