• октомври 8, 2017
  • 19:00
  • Хотел "Сан Нико"

Во организација на Општина Пробиштип и на ОУ Дом на култура „Злетовски рудар“ од Пробиштип на ден 08.10.2017 година, во 19 часот во хотелот Сан Нико ќе се одржи 37-то издание на Републичкиот фестивал на пеачи аматери „Про фест“ 2017.

После две години пауза Фестивалот на пеачи аматери комплетно ќе биде видоизменет. Решивме да одиме во чекор со времето и да направиме фестивал со кој не само што ќе ја продолжиме традицијата на овој прв и најстар фестивал на пеачи аматери во Република Македонија, туку ќе им овозможиме на младите таленти од Република Македонија да го покажат својот талент.

Ќе има учесници од цела Македонија, гостин на вечерта ќе биде младата талентирана Антонија Гиговска, а за забавата задолжена е музичката група „Еуфорија“.
Вечерта ќе биде со влезница и конзумација во износ од 200,00 денари.(со две пијачки). Достапни се маси со 8, 10, 12 и 20 седишта.
Oсвен официјалниот дел ќе има и забавен дел за забава на присутните во ресторанот.

Сите заинтересирани за информации и за влезници можат да се јават во Општина Пробиштип, во Одделението за јавни дејности или на тел: 078/ 497 075 кај Анкица Кијајова.
Влезниците се ограничени.

profest2017