Со бадникарска поворка најавен големиот верски празник – Христосовото раѓање – Божиќ

Во организација на здружението „Бадникови поворки“, 130 дечиња во Бадникарска поворка дојдоа на градскиот плоштад каде пред големата елка ги пречека градоначалникот на општина Пробиштип Драган Анастасов. Дечињата на еден симболичен начин го најавија Христовото раѓање пеејќи ја песната Вечниот Бог, а Градоначалникот на сите „коледари“ им дари по едно бадниково пакетче, честитајќи им го празникот што следи. Еден убав настан, кој во договор со Општина Пробиштип ќе прерасне во една традиција, а од година во година ќе се збогатува содржината. За многу години верскиот празник Божиќ…Христос се роди…

badnikova povorka 2 badnikova povorka 3

Дејан Јосев од „Алпина Деј“ и Атинка Стојчевска Барљамова се новите Бадникарски кумови

Во чест на големиот верски празник „Божиќ“, традиционално на 5 јануари се береа бадниковите гранчиња, кои ќе бидат украсен елемент на  бадниковата трпеза.

Годинава оваа традиционална манифестација започна во Гостилница „Читална“, каде се собраа претставници од бизнис заедницата, во потрага за паричката, преку која се бира кум на настанот и организатор за наредната година.

Домаќин на настанот беше минатогодишниот кум, Влатко Кијајов, претставник на Авто центар „Пекор“. Паричката, но и златникот, дар од градоначалникот Драган Анастасов, му припадна на Дејан Јосев, претставник на млекарницата „Алпина деј“ Пробиштип, кој беше избран за нов кум, но и организатор за наредната година.

Местото викано Жгури, се исполни со посетители, подржувачи на оваа манифестација. Ги имаше и од Пробиштип и од Кратово. Свештени лица од црквата Успение на Пресвета Богородица ја благословија трпезата, а паричката и сребреникот од Градоначалникот и се падна на директорката на ООУ „Никола Карев“, Атинка Стојчевска Барљамова, која исто така ќе биде дел од организацијата за наредната година.

Целата манифестација беше пропратена со музика, а присутните освен посната трпеза имаа можност да уживаат во убавата музика, да запеат, но и да заиграат. Генерален покровител на настанот е Општина Пробиштип.

badnikovo grance 2018-2

Бадникова поворка во Пробиштип

Во пресрет на Коледе и Божиќ, годинава на 6 Јануари во 11:30 часот, стотина коледари ќе го посетат градоначалникот Драган Анастасов, коишто со Бадникова поворка ќе дојдат од црквата Успение на Пресвета Богородица до градскиот плоштад.

Градоначалникот ќе ги пречека коледарчињата на градскиот плоштад пред големата елка, каде што ќе им дари коледарски пакетчиња, а тие ќе ја испеат божиќната песна „Вечниот Бог“.

Ваков настан ќе се случува во голем број на градови во Македонија, и тоа во Скопје, Битола, Могила, Охрид, Струга, Крушево, Ресен, Прилеп, Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово, Св. Николе, Пробиштип, Велес, Штип, Радовиш, Струмица, Гевгелија, Богданци, Валандово, Кавадарци, Демир Капија и Кривогаштани, а досега учество имаат пријавено 7320 дечиња.

Новогодишно пакетче за секое дете

По повод Новогодишните и Божиќните празници Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов подари новогодишно пакетче на секое дете од ЈОУ ДГ „Гоце Делчев“ од Пробиштип.

За прв пат, Општина Пробиштип реши да ги изненади сите дечиња на последниот работен ден од старата година и да им посака среќни и весели детски денови.

paketce2

Средби со здрженија на граѓани од општина Пробиштип

Денес 28.12.2017 (четврток), по повод новогодишните и божиќните празници, Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов оствари средба со Oпштинската организација на Црвен крст – Пробиштип, Здружението на инвалиди на трудот од Пробиштип и Здружението на пезнионери од Пробиштип.

На средбите се разговараше за идните планови и активности на овие здруженија и можностите за потпишување на меморандуми за соработка, со кои Општината ќе придонесе за подобро и поуспешно  фукционирање.

borci copy

Донесен е буџетот за 2018 година

На ден 27.12.2017 година Советот на Општина Пробиштип ја одржа 4-тата редовна седница на која беа донесени повеќе значајни одлуки, помеѓу кои и Буџетот на Општината за 2018 година.

Основниот буџет на општината  поделен по програми за тековно оперативни работи и за капитални инвестиции изнесува 187.862.000 денари.

Во буџетот се предвидени наменски средства за работа на општинските основни  училишта и средно училиште, како и средства за општинските  установи Дом на култура и Детската градинка.

Вкупната вредност на буџетот за 2018 година изнесува 382.772.883 денари.

Исто така, во буџетот се планирани средства од донации за изградба на повеќе значајни објекти во општината кои ќе се обезбедат од домашни и странски донатори.

На седницата се расправаше и за избор на Командир на Полициската станица од општа надлежност Пробиштип. Советниците својот глас го дадоа за Панче Јованов кој ќе биде иден Командир на Полициската станица Пробиштип.

Дечињата ја посетија општина Пробиштип

Денес, (26.12.2017 г.) дечињата од ЈОУДГ „Гоце Делчев“,  корисниците во  Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост и учениците од паралелката за деца со посебни потреби при ООУ„Браќа Миладиновци“ од Пробиштип, на градоначалникот Драган Анастасов, му ги честитаа Новогодишните и Божиќните празници, со рецитали и новогодишни песни му посакаа среќна и успешна година.

Градоначалникот ѝм посака среќни и весели детски денови и ѝм додели подароци.

poseta probistip (2) poseta probistip (3)

Прес конференција “БИООТПАД”

Денес на 19.12.2017 година (вторник) Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, заедно со м-р Васко Златковски и Марјан Михаилов, како експерти во проектот за БИООТПАД, во Конференциската салата при Домот на културата на Општина Пробиштип одржаа прес конференција за проектот. Општина Пробиштип е партнер заедно со уште три грчки општини и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип во процесот на сепарација на ѓубриво и добивање на биоѓубриво од органските материи кои се исфрлаат од угостителските објекти и дел од домаќинствата.

На прес конференцијата зборуваше градоначалникот Драган Анастасов со осврт на бенефитот од БИООТПАД за општина Пробиштип. Излагање имаше и проектниот менаџер м-р Васко Златковски за техничките спецификации на проектот и неговата имплементација во наредните години.

biowaste2

Лесново – иден Гео Парк

Денес, 11.12.2017 (понеделник) Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, одржа работен состанок со директорката на Источен плански регион, Драгица Здравева, националната координаторка на Програмата за зачувување на природата, Марјана Шушлевска и градоначалникот на општина Кратово Љупчо Бојаџиев, за номинирање на Лесново за Гео Парк. На состанокот се разговараше за можностите за забрзан развој во Кратовско – Злетовската област и зачувување на Гео вредностите.

 

Доделени наградите за најдобри фотографии

Во чест на празникот 8 Декември, Св. Климент Охридски, во минералошката збирка при Домот на култура, се случи изложба на фотографии добиени на Конкурсот за фотографии 2017. Сите вљубеници во добрата фотографија имаа можност да учествуваат на овој конкурс со фотографии во две категории, зададена тема „Мојот убав Пробиштип“ и слободна тема, но исклучиво фотографии од општина Пробиштип. На отварањето на изложбата на фотографии, градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов им додели дипломи со вредносни ваучери за наградените фотографии. Оваа година се погоди истите фотографи да ги добијат наградите и во двете категории. Со награда се закитија Давче Насевски кој го освои третото место со фотографиите „Манастир во фокус“ и „Бои на надеж“, Крсто Трајковски го освои второто место за „Есен во Марчино“ и „Снежната црква“, а со првото место се закити Константин Митевски за фотографиите „Есенски бои“ и „Пробиштип во ноќ“.izlozba foto konkurs 2017 (2) izlozba foto konkurs 2017 (7) izlozba foto konkurs 2017 (6) izlozba foto konkurs 2017 (5) izlozba foto konkurs 2017 (4) izlozba foto konkurs 2017 (3)