probistip-lokacija-patista-koregirana

Сообраќајната инфаструктура во општина Пробиштип е на задоволувачко ниво, но тоа незначи дека нетреба пераманентно да се надоградува и модернизира. Административниот центар-Градот Пробиштип е е поврзан со сите 37 населени места во општината со локални патишта од кои 90% се асфалтирани, а 10% од локалните патишта се или земјени или тампонирани.

Регионални патни правци кои минуваат низ општината се Р-206 кој прави спојување со М-2 кон Куманово и Крива паланка на север и М-5 на југоисток кон Штип, а преку регионалниот пат Р-211 се поврзува Пробиштип со Злетово и Лесново, а со посебен крак со брана Кнежево. Комуникацијата со општина Кочани и СРЦ Поникава се остварува со регионалниот пат Р-219, а Р-210 е регионален пат кој обезбедува комуникација со Свети Николе.

Поради добро испланираната градска сообраќајна мрежа, Пробиштип се каракетризира со широки улици во централното гратско подрачје без тесни грла во мрежата и со уредени паркинзи.

Генерално патната  мрежа е во добра состојба и од страна на општината се врши  тековно и зимско одржување во согалсност со годишните програми за работа на општината.

Сообраќај

Меѓуградскиот сообраќај се одвива со помош  на такси превоз и три компании од општината кои имат квалитетен возен парк на автобуси и автобуски превоз од соседните општини кој се одвива преку автобуската станица  на Р-206  со површина на локацијата од 0,37 ха, со изграден објект од 870м2, со капацитет од 7 перони.

Автобуската станица е во приватна сопственост, а режимот на возење на автобуси е следен:

– 7 автобуси тргнуваат од или минуваат низ Пробиштип секој ден,

– 1 линија се одржува 2 пати неделно (Кр.Паланка-Пробиштип-Струмица),

Такси превоз: евидентирани се 30 возила со лиценци за такси превоз, но бројот на такси возилата е поголем. Исто така, евидентирани се 10 такси станици, од кои 8 во Пробиштип и 2 во Злетово. Секоја од овие такси станици има означен капацитет на коли и места за паркирање, но не сите се обележани со соодветна хоризонтална и верикална сигнализација.

Паркинг

Паркирањето во Пробиштип е решено во рамките на самите сообраќајници со изградени 20 паркинзи плус 4140 м2 површина за паркирање во централно градско подрачје на Ленинов плоштад и сообраќајниците околу плоштадот и градскиот парк.

Во најголемото населено место Злетово има автобуска станица со површина од 150 м2, а должината на асфалтирани улици се околу 4680 м, а под земјен пат  2250 м.