Прескокни до содржината Прескокни до левата странична лента Прескокни до подножјето

Симболи

Грб на општина Пробиштип

Грбот на општина Пробиштип претставува зелено поле, со планински врвови, поставено во штит, на кое се наоѓаат следните симболи: манастир со крст и порта, под него вода, а од двете страни на манастирот се поставени вкрстени рударски чекани во круг. Штитот е крунисан со бедемска круна со три кули, а обиколен е со венец од гранки од црница.


Знаме на општина Пробиштип

Знамето на општина Пробиштип претставува зелено поле, со бела лента во средината, која е триаголно назабена во централниот дел, каде што е поставен малиот грб на општина Пробиштип, кој е без рударските чекани кои се извадени надвор, на белото поле и се поставени лево и десно од него.


Туристички знак на Пробиштип


© Хералдичкиот грб на општина Пробиштип, Знамето на општина Пробиштип и Туристичкиот знак на Пробиштип се заштитени знаци на Општина Пробиштип.

Грбот, знамето и туристичкиот знак се избрани на отворен конкурс за изработка на идејни решенија за грб и знаме (Јуни-Септември 2015 година).

Автор на грбот, знамето и туристичкиот знак е Ласко Џуровски (Студио за дизајн и типографија ТОТЕМ).