Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање („Сл.Весник на РСМ” бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25,101/25,127/25,134/26 и бр.212/26год.), Градоначалникот на Општина Пробиштип го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за спроведување на јавен увид
на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена А1.5-станбени куќи во состав на селско стопански двор на КП бр.1304,1305,1306,1309,1310
и дел од КП 1289/2 КО Лесново, Општина Пробиштип
Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена А1.5-станбени куќи во состав на селско стопански двор на КП бр.1304,1305,1306,1309,1310 и дел од КП 1289/2 КО Лесново, Општина Пробиштип, со Тех.Бр.47/2026 од 10.2026 год., изработен од страна на планерската куќа Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА” Скопје.