Реконструкција на детската градинка во Пробиштип

Реконструкција на детската градинка во Пробиштип
Во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Р.Македонија и Р.Бугарија, детската градинка “Гоце Делчев“ доби финансирање на проект за комплетна реконструкција на клонот “Цветови“. Проектот ќе се реализира во тек на 2014 година.
Вредноста на проектот е 110.000 евра.

Организирање на бесплатен превоз за децата од руралните средини до детските градинки

Организирање на бесплатен превоз за децата од руралните средини до детските градинки
Со цел поголема социјализација на децата од најмала возраст, општината обезбедува бесплатен превоз за децата од руралните средини каде нема детски градинки.

Бесплатен Интернет клуб

Бесплатен Интернет клуб
За да се следат новите трендови и информатичкиот развој и за да се доближат што повеќе до граѓаните на општина Пробиштип, целосно е опремен нов бесплатен интернет клуб кој се наоѓа во просториите на Домот на културата “Злетовски Рудар“. Клубот е дел од проектот на Владата за отворање на бесплатни интернет клубови низ републиката.

Вежбај здраво – чекори право

Вежбај здраво – чекори право
Имајќи го во предвид брзиот информатички развој и времето на децата поминато пред компјутерите, а со цел здрав и правилен физички развој на децата од основното образование, општината продолжува со имплементација на проектот Вежбај здраво – чекори право.

Награди за ментори на ученици

Награди за ментори на ученици
Покрај наградите за учениците кои освоиле I, II или III место, општината доделува и парични награди за нивните ментори како благодарност за нивниот вложен труд и посветено време.

Општината ги стипендира најдобрите ученици и студенти

Општината ги стипендира најдобрите ученици и студенти

Со цел поттикнување на најталентираните ученици и студенти, општината започна со стипендирање на двајца средношколци и тројца студенти од Пробиштип.

Промена на под во ПОУ “Кирил и Методиј“ во Злетово

Промена на под во ПОУ “Кирил и Методиј“ во Злетово
Во месец Ноември 2013 година се заврши поставувањето на нови подови во подрачното училиште “Кирил и Методиј“ во Злетово. Со реализацијата на овој проект старите и дотраени подови се заменија со нови модерни подови, кои освен за подобрување на естетскиот лик придонесуваат и за полесно и побезбедно движење на учениците и на наставниот кадар.
Проектот се реализираше со поддршка на УСАИД, а вредноста изнесува 1.500.000 денари.