Во чест на големиот верски празник „Божиќ“, традиционално на 5 јануари се береа бадниковите гранчиња, кои ќе бидат украсен елемент на  бадниковата трпеза.

Годинава оваа традиционална манифестација започна во Гостилница „Читална“, каде се собраа претставници од бизнис заедницата, во потрага за паричката, преку која се бира кум на настанот и организатор за наредната година.

Домаќин на настанот беше минатогодишниот кум, Влатко Кијајов, претставник на Авто центар „Пекор“. Паричката, но и златникот, дар од градоначалникот Драган Анастасов, му припадна на Дејан Јосев, претставник на млекарницата „Алпина деј“ Пробиштип, кој беше избран за нов кум, но и организатор за наредната година.

Местото викано Жгури, се исполни со посетители, подржувачи на оваа манифестација. Ги имаше и од Пробиштип и од Кратово. Свештени лица од црквата Успение на Пресвета Богородица ја благословија трпезата, а паричката и сребреникот од Градоначалникот и се падна на директорката на ООУ „Никола Карев“, Атинка Стојчевска Барљамова, која исто така ќе биде дел од организацијата за наредната година.

Целата манифестација беше пропратена со музика, а присутните освен посната трпеза имаа можност да уживаат во убавата музика, да запеат, но и да заиграат. Генерален покровител на настанот е Општина Пробиштип.

badnikovo grance 2018-2