Во чест на празникот 8 Декември, Св. Климент Охридски, во минералошката збирка при Домот на култура, се случи изложба на фотографии добиени на Конкурсот за фотографии 2017. Сите вљубеници во добрата фотографија имаа можност да учествуваат на овој конкурс со фотографии во две категории, зададена тема „Мојот убав Пробиштип“ и слободна тема, но исклучиво фотографии од општина Пробиштип. На отварањето на изложбата на фотографии, градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов им додели дипломи со вредносни ваучери за наградените фотографии. Оваа година се погоди истите фотографи да ги добијат наградите и во двете категории. Со награда се закитија Давче Насевски кој го освои третото место со фотографиите „Манастир во фокус“ и „Бои на надеж“, Крсто Трајковски го освои второто место за „Есен во Марчино“ и „Снежната црква“, а со првото место се закити Константин Митевски за фотографиите „Есенски бои“ и „Пробиштип во ноќ“.izlozba foto konkurs 2017 (2) izlozba foto konkurs 2017 (7) izlozba foto konkurs 2017 (6) izlozba foto konkurs 2017 (5) izlozba foto konkurs 2017 (4) izlozba foto konkurs 2017 (3)