Градоначалникот ги прими учениците – спортисти, кои освоија републички награди

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, денеска, 18 април во конференцската сала при Домот на култура „Злетовски рудар“ имаше прием на учениците, спортисти, од општинските училишта.

Младите одбојкари од ООУ „Браќа Миладиновци“ на неодамна завршениот републички натпревар во одбојка – машки за ученици од основните училишта го освоија второто место, доека младите фудбалери, членови на училишниот спортски клуб при СОУ „Наум Наумовски Борче“ во футсал, го освоија првото место и се државни шампиони.

Учениците во придружба на своите ментори Емил Спасовски и Јонче Ѓеорѓиевски, заедно со директорките на училиштето беа на прием кај градоначалникот Анастасов, кој честитајќи им го успехот и заблагодарувајќи им се за постигнатиот резултат и достојното претставување на општина Пробиштип им вети поголеми вложувања во спортот во иднина.

На учениците и на менторите им додели благодарница за достојно претставување на општина Пробиштип, пракса која со години се применува во вакви и слични настани, се со цел мотивирање на младите за да спортуваат и да се насочат кон убави и позитивне нешта, а што подалеку од секојдневните пороци, кои ги демнат на секој чекор. Средбата ја завршија со заедничка фотографија за спомен од настанот.

Р.И.

sportisti priem2 sportisti priem3 sportisti priem4 sportisti priem5

Објава бр. 11

Предмет на електронското јавно наддавање согласно Одлуката на Советот на општина Пробиштип бр.26-320/21 од 26.03.2018 година, е имот во сопственост на општина Пробиштип деловен објект со намена за вршење на угостителска дејност, евидентиран во ИЛ 57 за КО Лесново во вкупна површина од 151 м2, во вредност од 1.982.207,00 денари.

Objava 11

Линк до аукција
http://e-aukcii.probistip.gov.mk/item/156

 

ВЕЛИГДЕНСКИОТ ХЕПЕНИНГ 2018

По повод христијанскиот празник, Велигден, општина Пробиштип во соработка со општинските основни училишта и детската градинка, по деветти пат го организираше Велигденскиот хепенинг.

Овој традиционален настан на градскиот плоштад собра голем број на посетители, кои имаа можност да ја проследат изложбата на илјадници велигденски јајца, изработени од вредните раце на дечињата и нивните родители и наставници. Изложбата е од награден карактер, а жири комисијата беше на голема мака за да ги избере најдобрите три шарени велигденски јајца. Сепак, изборот падна на Лука Манчевски од III-б одделение од ООУ „Браќа Миладиновци“, кој го зема третото место. Второто место и припадна на Стефанија Лазаревска од III-а одделение од ООУ „Никола Карев“, а со прво место се закити Бирџан Мустафов од II-а одделение од ООУ „Браќа Миладиновци“.

За најоригинална идеја беше прогласено велигденското јајце на Меланија Цоневска од IV-а одделение од ООУ „Браќа Миладиновци“, а за најдобар аранжман беше прогласен аранжманот на Христијан Стојчевски од Детската градинка „Гоце Делчев“.

Манифестацијата беше пропратена со богата културно уметничка програма на која настапија учениците од ПУ „Ванчо Трајков“ од приградската населба Пробиштип, заедно со балерините од Балетското студио „Магија“ и КУД „Злетовски рудар“, кои работат при домот на култура „Злетовски рудар“. И годинава на плоштадот не изостана велигденскиот амбиент и огромното велигденско јајце на кое е нацртан ликот на Исус Христус, а оваа година имавме и креативна работилница, на лице место членовите на ликовната секција при Домот на културата сликаа неколку големи велигденски јајца, кои потоа останаа како велигденски декор на градскиот плоштад во Пробиштип.

Veligdenski hepening 2018-1 Veligdenski hepening 2018-3 Veligdenski hepening 2018-4 Veligdenski hepening 2018-5 Veligdenski hepening 2018-6 Veligdenski hepening 2018-7 Veligdenski hepening 2018-8

Бесплатни очни прегледи по повод светскиот ден на здравјето

На 5.04.2018 година, по повод 7 – април Светскиот ден на здравјето, Здравствениот дом “Нада Михајлова” во заедничка соработка со општина Пробиштип ќе овозможи бесплатни очни прегледи за сите заинтересирани граѓани во насока на превенција на нивното очно здравје
Термин од 10 – 14 часот.

Др. Гоце Неделковски

Одбележан 3 Април – Ден на нападот на Пробиштип од Третата македонска ударна бригада

Денес, во Пробиштип со пригодна манифастација и положување на свежо цвеќе традиционално се одбележа 3-ти Април – Ден на нападот на Пробиштип од Третата македонска ударна бригада.

Организатор на манифестацијата беше Организацијата на резервните офицери на Република Македонија од Пробиштип, а на истата настапија ученици и членови на литературниот клуб „Процвет“ со поетско читање, балетското студио „Магија“ од Пробиштип и КУД „Злетовски рудар“.

По повод празникот, покрај многубројните делегации и делегација на општина Пробиштип, предводена од Секретарот на општината, Невенка Нотевска, положи свежо цвеќе на спомен паркот „Братство и единство“ во Пробиштип.

3 April 2018-1 3 April 2018-2

Во паркот и на снег се садеа розите на љубовта

По петти пат во паркот, на Младенци, се засадија рози во чест на љубовта.

Петта година по ред младенците, кои се венчани во минатата година ги садат розите на љубовта.

Годинава, иако во мошне лоши временски услови, со снег и студено време сепак, младенците дојдоа да си ја засадат својата роза, која во текот на годината ќе ја посетуваат и ќе ја негуваат, а таа роза ќе ги потсетува на овој убав момент.

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов лично им го честита овој свечен миг, а за спомен од настанот направија една групна фотографија.

mladenci 1 mladenci 2 mladenci 3

“Парк на младенци“ 2018

По повод христијанскиот празник Младенци, празникот на љубовта и младоста, општина Пробиштип и оваа година ќе го организира настанот „Парк на младенци“.

Во тоа име ги покануваме сите младенци на 22-ри март (четврток) во10 часот да бидат дел од настанот кој ќе се одржи во Градскиот парк во Пробиштип и да ја засадат својата роза која е симбол на убавина, мир и љубов.

Општина Пробиштип потпиша меморандум за соработка со Стопанска комора – Регионална комора Штип

Денес (20.03.2018) се одржа Осмата седнца на  Стопанската комора – Регионална комора од Штип, на која градоначалникот на општина Пробиштип и претседателот на Регионалната комора од Штип, Наум Барзов, потпишаа меморандум за соработка.

Меморандумот за соработка предвидува размена на информации од областите од заедничките интереси, заедничко учество во изработка на апликации и соработка во Проекти, заедничко решавање на клучни прашања од значење на бизнис секторот и подобрување на бизнис климата. Иницијативност и организираност, со еден нов модерен пристап и значителен придонес на Општината во унапредување на бизнисот и бизнис климата на локално ниво.

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, истакна дека во наредниот период ќе работи на зајакнување на односите со сите целни групи и здруженија во општина Пробиштип и регионот, со единствена цел за подобрување на условите за живот во Општината и дека заедно со Регионалната комора ќе работи на решавање на отворени прашања од локално и регионално ниво, со директно вклучување на претставници на Комората во активностите, особено во делот на Локалниот економски развој.

Општина Пробиштип, во соработка со Регионалната комора ќе иницира организација на локални, регионални, национални и прекугранични бизнис средби, учество на саеми и форуми за бизнис, со што директно ќе помага во развојот и иновативноста на локалните бизниси.

stopanska komora 2

Нема поскапување на цената на водата во општина Пробиштип

На денешната 7-ма седница на Советот на општина Пробиштип, Гадоначалникот и советниците едногласно не дозволија поскапување на цената на водата, иако ЈКП „Никола Карев“ од Пробиштип, согласно  добиените насоки од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, имаше поднесено предлог – Одлука за поскапување на цената на водата во општина Пробиштип за 3,5 денари за м3.

Со направените анализи се донесе Заклучок дека со одговорно и домаќинско работење на ЈКП „Никола Карев“ и сегашната цена на водата е соодветна за да може истото рентабилно да работи.

И во наредниот период општина Пробиштип, заедно со Советот ќе работи и ќе ги штити исклучиво интересите на нејзините граѓани.

Благодарници за учениците од ООУ „Никола Карев“

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов ѝм додели благодарници на минатогодишните победници на Пробиштипскиот маскенбал на директорката, менторите и дечињата, и ѝм честита за освоените места на „Струмичкиот карневал“ и прилепскиот карневал „Прочка“.

Овие награди се признанија за креативната и посветена работа на менторите и дечињата, но и за општината  која го организира Пробиштипскиот маскенбал веќе 9 години по ред и си го зазема местото во културните манифестации во општината.

karneval priem1