Соопштение – Прскање против комарци

На ден 03.06.2021 и 04.06.2021 година (вечерта – четврток кон  петок) во текот на ноќта до раните утрински  часови во периодот од 23 – 08 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено прскање од земја против  возрасни комарци. Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на река Киселица, од Приградска населба Пробиштип по патот кон с. Плешенци, долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии и кундинско езеро. Ќе ги опфатиме и сите поголеми населени места. Се известуваат сите сопственици на пчелни семејства да превземат заштитни превентивни мерки.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ

Соопштение и известување за јавна презентација и јавна анкета за УПВНМ фотоволтаици КО Добрево

Врз основа на член 50 став (3)(4) и (5) од Законот за урбанистичко планирање („Сл.Весник на РСМ” бр.32/20, год.) и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Прбиштип за 2021 година со Одлука Број 26-928/16 од30.11.2020 год., објавена во „Сл.Гласник“ на Општина Пробиштип Бр.42/2020 год., донесена од страна на Советот на Општина Пробиштип, Градоначалникот на Општина Пробиштип го дава следното

СООПШТЕНИЕ

За организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог – Урбанистички план за вон населено место за изградба на Е113 -СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ И ПЛАНТАЖ (3 фотоволтаични централи до 1МУ/ моќност) на:КП.БР.2647, КП.БР.2632, КП.БР.2643, КП.БР.2642, КП.БР.2644, КП.БР.2639, КП.БР.2638, КП.БР.2604, КП.БР.2603, КП.БР.2602, КП.БР.2605 и КП.БР.2601 КО Добрево, Општина Пробиштип

Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавна презентација и јавна анкета по Предлог – Урбанистички план вон населено место за изградба на Е1.13-Соларни и фотоволтаични електрани и плантажи (3 фотоволтаични централи до 1ММ/ моќност) на: КП.БР.2647, КП.БР.2632, КП.БР.2643, КП.БР.2642, КП.БР.2644, КП.БР.2639, КП.БР.2638, КП.БР.2604, КП.БР.2603, КП.БР.2602, КП.БР.2605 и КП.БР.2601 КО Добрево, Општина Пробиштип, со Тех.Број 127/2020 од мај 2021, изработен од Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ Скопје.

Известување за ЈП и ЈА за УПВНМ фотоволтаици КО ДОБРЕВО.p.g.-1

Соопштение за ЈП и ЈА за УПВНМ фотоволтаици КО Добрево – 17.05.2021 за објава.p.g.

Одлука за ЈП и ЈА за УПВНМ – Фотоволтаици КО Добрево 14.05.2021.p.g.

Анкетен лист за УПВНМ Фотоволтаици КО Добрево

Sintezen-UPVNM-DOBREVO-fotovoltaicni-elektrani-i-plantazi-108

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на граѓани – жители на општина Пробиштип на трошоците за набавка на велосипед

Врз основа на Одлуката за одобрување субвенционирање на граѓани, жители на општина Пробиштип на трошоците за набавка на велосипед и за утврдување на начинот, условите и постапката за субвенционирање бр. 26-284/8 од 12.03.2021 годна (Службен гласник на општина Пробиштип бр.3/2021) и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за одобрување  субвенционирање на граѓани жители на општина Пробиштип на трошоците за набавка на велосипед и за утврдување начинот, условите и постапката за субвенционирање бр.26-468/16 од 29.04.2021 година (Службен гласник на општина Пробиштип бр.4/2021), а согласно предвидените средства во Програмата на општина Пробиштип за спроведување на активности на спортските друштва и за активности на општината во спортот за 2021 година бр. 26-928/9 од 30.11.2020 година (Службен гласник на општина Пробиштип бр.42/2020),  на ден 18.05.2021 година се распишува следниот:

 

Ј А В Е Н      П О В И К

за субвенционирање на граѓани – жители на општина Пробиштип на трошоците за набавка на велосипед

  (more…)

Бесплатни часови по Кинески јазик во општина Пробиштип

Општина Пробиштип потпиша меморандум за соработка со Институтот „Конфуциј“ – Скопје, кој работи при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а се однесува на изучување на кинески јазик во општина Пробиштип.

Двете договорни страни преку овој меморандум ја изразуваат својата подготвеност да соработуваат и заемно да дадат поддршка за изучување на кинескиот јазик (почетно, средно и напредно ниво, за постигнатото ниво учесниците ќе добијат и соодветна диплома), литература и култура, користејќи ги кадровските, стручните и просторните можности на двете страни.

Преку овој меморандум се овозможува на сите заинтересирани ученици, наствници и останати граѓани од нашата општина да ги изучуваат кинескиот јазик и култура. Ова подразбира бесплатни курсеви по кинески јазик кои ќе бидат организирани надвор од редовната настава, за почеток преку настава од далечина, а за понатаму, согласно условите кои ги налага пандемијата со Ковид-19, наставата би се одвивала и со физичко присуство во училиштата во попладневните часови.

Курсевите ќе опфаќаат изучување на кинескиот јазик, но ќе има и организација на културни настани, семинари и работилници за реализација на заеднички проекти. Овде се вклучени и активности насочени кон одбележување на разни прослави, годишнини, јубилеи, културни активности и други настани.

Сите заинтересирани лица можат да се пријават на mail danilaoshi25@gmail.com и на телефон 072 303 469, по што ќе бидат формирани групите, ќе се направи распоред на часовите и во најбрз можен рок ќе започнат со работа. Дополнителни информации учениците ќе добиваат од професорката Даниела Ефтимова и Институтот Конфуциј.

При пријавувањето Ве замолуваме да напишете име и презиме, телефонски број и емаил адреса за контакт. Учениците при пријавување да напишат и кое одделение заради организирање на групите по возраст. Доколку се пријавуваат ученици од основно, да се остави и број од родител за контакт.

Нова урбана опрема во паркот позади Музејот за ретки минерали

Општина Пробиштип го реализираше проектот на USAID “Меѓуетничка интеграција во образованието” заедно со Младинскиот образовен форум и МЦГО.
Општина Пробиштип врз основа на Стратегијата за меѓуетничка интеграција во образованието доби поддршка од Младинскиот образовен форум и МЦГО за реализација на младинската иницијатива, во соработка со општинските училишта, кои делегираа по 5 младинци, а се одржаа и неколку форуми на далечина од кои што произлезе идејата за поставување на урбаната опрема во овој парк.
За реализација на проектот општината учествуваше со 50% од буџетот на проектот, за што оддели 63.000 илјади денари, додека остатокот од средствата се од проектот на USAID.
Општина Пробиштип продолжува да ги поддржува младите и нивните иницијативи и останува отворена за соработка и во иднина.

urbana oprema 1 urbana oprema 2 urbana oprema 4

ИЗВЕСТУВАЊЕ

   Почитувани сограѓани,

Општина Пробиштип ги известува сите граѓани кои имаат поднесено барање за легализација на бесправно изграден објект, а кои досега немаат добиено Решение за легализација, поради запазување на законскиот рок за решавање, којшто истекува во март 2021 година, да се јават на тел. бр. 032/ 483-131, локал 123 или лично да дојдат во Одделението за урбанизам на општина Пробиштип, секој работен ден во периодот од 07:30 – 15:30 часот, со цел регулирање на статусот на нивниот предмет.

 Во спротивно барањата со нерегулиран статус ќе бидат одбиени.

 

Со почит,

Општина Пробиштип

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на граѓаните на Општина Пробиштип за набавка на инвертер клима уред за 2020 година

Општина Пробиштип, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените средства, за инвертер клима уреди купени во 2020 година па до денот на завршување на јавниот повик, односно се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена

Општина Пробиштип, за реализација на мерките против загадувањето на воздухот, рапишува втор јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купување на инвертер клима уреди.

Заинтересираните жители на општина Пробиштип треба да ги достават барањата и документацијата во прилог во затворен плик до „Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уред за 2020 година“ во архивата на Општина Пробиштип, на адреса ул.Јаким Стојковски бр.1 Пробиштип, секој работен ден од 07:00 до 19:00 часот.

Јавен повик

Изјава

Барање

Фото конкурс – ПРОБИШТИП ФОТО 2020

ОПШТИНА ПРОБИШТИП објавува:

Награден Фото КОНКУРС
“ПРОБИШТИП ФОТО 2020

ТЕМА:
ЗА И ОД ПРОБИШТИП

ОСНОВНИ КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО:

  • Се учествува со 2 (две) фотографии на зададената тема ( сите фотографирани во Пробиштип) и до 3 (три) слободни фотографии (сите фотографирани во општина Пробиштип, со мотиви од карактеристични и препознатливи обележја за нашата општина)
  • Може да се достави и само една фотографија за учество;
  • Може да се учествува со највеќе 5 (пет) фотографии.
  • Фотографиите треба да бидат јасно одбележани за која од двете категории се испратени;
  • Фотографиите што не одговараат на темата нема да влезат во изборот за наградите;
  • Фотографиите не треба да бидат потпишани (“watermark”, “signature”) или на кој било начин означени со име или идентификација на фотографијата;
  • Фотографијата не треба да содржи име, презиме, иницијали, рамки или какви било текстуални карактери и симболи за идентификација на предната страна;
  • Фотографиите не треба да се претходно објавувани во весници, магазини, каталози или да имаат учествувано на други натпревари;
  • Фотографиите што не одговараат на темата нема да влезат во изборот за наградите;
  • Фотографиите на зададената тема и слободна тема, треба да се фотографирани во Пробиштип;
  • Испратените фотографии не треба да содржат елементи на насилство, порнографија, расизам или некој друг облик на дискриминација;
  • Испратените фотографии не треба да ја нарушуваат приватноста на луѓето, односно сите фотографирани луѓе мора претходно да дале согласност за тоа;

ТЕХНИЧКО-УМЕТНИЧКИ КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО

  • Фотографиите ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да се достават во електронска форма снимени на CD со висока резолуција (најмалку 5 мегапиксели)
  • Да се во JPEG формат;
  • Да се најмалку 72 dpi;
  • 4:3 / 3:2 / 16:9 (Пропорција на стандардна фотографија).

СЕКОЈА ФОТОГРАФИЈА КОЈА НЕМА ДА БИДЕ СОГЛАСНО ПОГОРЕ НАВЕДЕНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ ЌЕ БИДЕ ДИСКВАЛИФИКУВАНА И НЕМА ДА БИДЕ РАЗГЛЕДУВАНА ОД ЖИРИ КОМИСИЈАТА

  • Дозволено е софтверско интервенирање на фотографиите;
  • Фотографијата ќе се оценува според композицијата. Начинот на којшто се вклопени фотографираните елементи, кои треба да прават успешна целина во уметничка смисла;
  • Фотографиите треба да содржат напредни естетски елементиТоналитет, форма, текстура, ритам, баланс, движење и сл.;
  • Фотографијата не треба да биде премногу темна, нити премногу светла;
  • Фотографијата мора да има доволно видливи детали.

ДОСТАВУВАЊЕ НА ФОТОГРАФИИТЕ ЗА УЧЕСТВО:

  • Фотографиите (секоја со наслов), да се достават со наведена шифра, во плик во кој ЗАДОЛЖИТЕЛНО во помал затворен плик се доставуваат личните податоци за учесникот (име, презиме, телефонски број и сл.);
  • Секој учесник кој при отворањето на фотографиите нема затворен плик со податоци и за кој јасно може да се определи за која личност станува збор ќе биде дисквалификуван и фотографиите нема да се разгледуваат;

ФОТОГРАФИИТЕ ДА СЕ ИСПРАТАТ НА АДРЕСА:

Општина Пробиштип,
ул. Јаким Стојковски бр.1

или да се донесат во Канцеларијата на Одделението за јавни дејности во Општина Пробиштип, со назнака:

За награден фото Конкурс ПРОБИШТИП ФОТО 2020“,
најдоцна до 23.11.2020 година (понеделник) до 15.30 часот.

  • Жири комисијата најдоцна до 25.11.2020 ќе ги селектира фотографиите и ќе ги објави на официјалната фан страна на Facebook за да можат сите заинтересирани да гласаат за истите;
  • (Гласањето на Facebook ќе има влијание во одлуката на жири комисијата, но освоените гласови нема да значат и конечен пласман на фотографиите);
  • Жири комисијата најдоцна до 04.12.2020 година ќе ги објави наградените фотографии преку медиумите, на официјалната WEB страна на општина Пробиштип probistip.gov.mk и на официјалната Facebook фан страна.

АВТОРСКИ ПРАВА:

Со предавањето на фотографиите за учество на Конкурсот секој потврдува дека:

  • е автор на фотографиите;
  • фотографијата не е претходно изложена или објавена;
  • ги отстапува авторските права на Општината Пробиштип со неограничено право да ги објавува, разменува, печати или пренесува на трети лица.

На Фото Конкурсот немаат право на учество вработените во општинската администрација како и нивните потесни семејства

За подетални информации на бројот 032/483-131 лок.107, или на е-маил info@probistip.gov.mk

НАГРАДИ:
Општина Пробиштип за првите три фотографии во двете категории обезбеди награди и тоа:

Фотографии на зададена тема:
I место – 4.000 денари
II место – 2.000 денари
III место – 1.000 денари

Фотографии на слободна тема:
I место – 2.000 денари
II место – 1.500 денари
III место – 1.000 денари

Наградите ќе бидат доделени на 7 Декември, а по повод празникот, 8 Декември 2020 година – „Свети Климент Охридски“  на изложбата која по тој повод, од пристигнатите фотографии, ќе биде поставена во Домот на културата во Пробиштип со почеток во 12 часот.

Општина Пробиштип
Одделение за јавни дејности

ФОТО КОНКУРС 2020