Соопштение – Стручно Оперативна група при ЕЛС Пробиштип (17.03.2020)

Почитувани граѓани,

Стручно Оперативната група  при  ЕЛС Пробиштип за следење на корона вирусот го оддржа петтиот состанок на ден 17.03.2020 година и од истиот ги доставуви следниве заклучоци:

1. Со оглед на тоа дека се соочуваме со  корона вирус (COVID-19), кој нема правила и понатаму претставува сериозна опасност за луѓето, се одлучи времено да се затвори Градскиот пазар на подрачјето на опшина Пробиштип. Се задолжува ЈКП ,,Никола Карев,, за реализација на мерката.

2. Се зголемува потребата за максимално ниво на заедничката комунална хигиена, и се задолжуват ЈКП Никола Карев во соработка со ТППЕ да извршат целосна дезинфекција на улиците, контејнерите, кантите за отпадоци и останатите јавни површини територијата на општина Пробиштип. Активноста во зависност од временските услови ќе се спроведува најмалку еден ден неделно, по потреба и повеќе со посебен  оперативен план за реализација на мерката.

3. Максимално подигнато ниво на колективна хигиена и ред и дисциплина во маркетите, маалските продавници, аптеките, банки и други установи ,како и во јавниот и такси превоз. Имено по завршување на секој работен ден да се изврши дезинфекција на  средствата што се користат од граѓаните (корпи за пазарење, колички и сл.). Строго почитување на правилата за влегување чекање, и излегување во јавните установи при што посебен акцент да се даде на пропишаното држење на меѓусебно прописно  растојание на луѓето.

4. За лицата со попреченост преку црвениот крст и советот на младите при општината Пробиштип, стојат на располагање волонтерски тимови кои можат да ја дадат потребната помош.

5. Полициската станица да обрне посебно внимание и контрола за почитување на мерката за самоизолација на граѓаните дојдени од ризичните подрачја и  контролата на јавни и приватни собири  посебно на локации каде најчесто се собираат помладите.

6. Посебно апелираме на личното однесување на секој граѓанин за непотребното излегување на улица односно повикуваме да се остане дома , смирено  со примена на сите мерки за лична и заедничка хигиена во домашни услови и при неопходното излегување, строго да се почитуваат пропишаните правила за излегување.

7. Со претходното кажано се укажува  дека нема место за паника, но има место за загриженост. Единствен начин да се стави крај на вирусот е да се има разбирање и совесност за  сериозно, одговорно и дисциплинирано, однесување и реализирање на досегашните дадени препораки од Влада на Република Северна Македонија, Министерство за здраство и Стручната оперативна група на општина Пробиштип.

Соопштение

Почитувани,

Согласно мерките за спречување на ширењето и сузбивање на COVID – 19 (корона вирус), Ви препорачуваме сите ваши потреби, прашања и барања поврзани со работењето на Општина Пробиштип да ги остварувате преку тел. бр. 032/483-131, по електронска пошта na e-mail: info@probistip.gov.mk или директно во одделенијата:

–        За прашања до Градоначалникот, Кабинет на Градоначалник контакт: 078/421-745

–        За прашања од областа на урбанизмот,  контакт: 070/324-899

–        За прашања од областа на  локалните даноци, такси и финанси, контакт: 072/268-712

–        За прашања  и пријави до инспекциското одделение, контакт: 071/246-493

–        За прашања од областа на комуналните работи, локални патишта и улици  контакт: 070/354-927

–        За прашања од областа на локалниот економски развој, контакт: 072/264-272

–        За прашања поврзани со јавните дејности, контакт: 072/253-148

–        За прашања од областа на правните работи и човечки ресурси, контакт: 072/253-135

Со почит,
Општина Пробиштип

СЕ ОТКАЖУВААТ МАНИФЕСТАЦИИТЕ „ЗЕЛНИКОТ НА БАБА“, „МЛАДЕНЦИ“ И „ПРОБИШТИПСКИ МАСКЕНБАЛ“

Согласно заклучоците од четвртата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, одржана на 10 март 2020 година , со записник од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, во врска со потребата од превземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (Корона вирус) Ве известуваме дека манифестациите „Зелникот на баба“ која требаше да биде оддржан на 21.03.2020, „Младенци“ која требаше да биде оддржана на 22.03.2020 и „Пробиштипски маскенбал“ кој требаше да се одржи на 27.03.2020 во Злетово и 31.03 и 01.04.2020 во Пробиштип СЕ ОТКАЖУВААТ.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП

Соопштение за прекинување на воспитно-образовниот процес во детските градинки, основното, средното и високото образование

Се прекинува воспитно-образовниот процес во детските градинки, основното, средното и високото образование, се забрануваат масовни јавни настани и организираните патувања во високо ризичните земји.

1.  Да се заострат мерките и активностите за превенција од ширење на корона вирусот.

2. Да се прекине со воспитно – образовниот процес и наставата во сите детски градинки, основни и средни училишта и високо – образовни установи и во јавните научни институти на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 14 дена. Се прекинуваат и сите воншколски или дополнителни програми како што се курсеви за странски јазици и слично.

3. За спроведување на оваа мерка еден од родителите на децата до 10 години, што ќе бидат ослободени од обврската да одат во градинките или да ја следат наставата, ќе бидат ослободени и од обврската да ги извршуваат работните обврски.

4. Да се забранат масовни собири и настани на отворен и затворен простор, како и сите културни настани и манифестации на територијата на Република Северна Македонија, со над 1000 учесници, во наредните 14 дена. Владата препорачува неодржување на јавни настани на кои се очекува присуство до 1000 учесници.

5. Да се забрани присуство на гледачи (публика) на сите спортски настани на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 30 дена.

6. Да се воведе задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средно ризичните држави, во период од 14 дена (согласно листата на Светската здравствена организација).

7. Да се забрани извоз на медицинска опрема и медицински средства и материјали од страна на економските оператори и производители од Република Северна Македонија, освен со посебна дозвола која ја издава Министерство за здравство.

8. Да се препорача на возрасните и високоризичните категории на граѓани со хронични болести да го намалат своето движење и да го избегнуваат јавниот превоз.

9. Да се препорача избегнување на патување во земји кои се од висок и среден ризик, согласно листата од Светската здравствена организација.

10. Државната изборна комисија да ги ослободи од понатамошно учество во изборниот процес вработените од јавните здравствени установи и да бидат заменети со други лица.

11. Физичките и правните лица што не ги почитуваат и кои ги прекршуваа препораките ќе бидат казнети согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

12. Да се воведе health locator карта за сите летови и сите авиокомпании, односно образец кој ќе го пополнуваат патниците со податоци за полесно контактирање доколку за тоа се укаже потреба.

13. Да се забрани организиран меѓународен автобуски превоз (автобус, комбе, минибус и сл.) кон високо ризичните земји, како и од тие земји кон Република Северна Македонија.

14. Да се зајакне присуството на волонтерите од Црвениот крст на Република Северна Македонија, во соработка со Министерството за здравство, на сите гранични премини.

15. Целосно да се почитуваат мерките за превенција од оваа болест, упатени од Министерството за здравство кои се однесуваат на засилени хигиенски мерки.

16. Да се упати заклучок и препорака од страна на Владата на Република Северна Македонија до сите органи на државната управа и до едниците на локалната самоуправа за времен прекин од работни обврски (не одење на работно место и да останат во своите домови) за бремените жени и хроничните болни лица.

17. Сите јавни претпријатија и приватни компании што вршат јавен превоз на патници да вршат редовна дезинфекција на превозните средства.

18. Владата им препорачува на сите владини и државни институции, како и на јавните претпријатија да ги откажат сите патувања или да ги организираат предвидените состаноци преку интернет комуникацијата.

19. Се задолжуваат сите владини и државни институции, како и јавните претпријатија да воведат мерки за заштита и за дезинфекција во сите државни институции на влезовите во институциите. Оваа мерка Владата им ја препорачува и на компаниите од реалниот сектор.

Известување – логопед

Се известуваат сите заинтересирани родители кои нивните деца имаат проблеми во говор и јазик и имаат потреба од логопедски вежби можат да закажат термин за логопедски третмани на телефонскиот број 075-389-555.

Логопедските третмани ќе се извршуваат во месеците март, април и мај секој вторник и четврток од 16:30 часот во просториите во ООУ„Браќа Миладиновци “ и секој петок од 16 :00 часот во Подрачното училиште во Злетово  од  страна на логопедот Татјана Љапова.

Оваа активност ја реализира општина Пробиштип согласно предвидената активност во програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2020 година.

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на граѓаните на Општина Пробиштип за набавка на инвертер клима уред за 2020 година

Општина Пробиштип, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените средства, за клима уреди – инвертер купени во тековната година па до денот на завршување на јавниот повик, односно се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена

Општина Пробиштип, за реализација на мерките против загадувањето на воздухот, рапишува јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купување инвертер клими.

Барателите треба да ги достават барањата и документацијата во прилог во затворен плик до „Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уред за 2020 година“ во архивата на Општина Пробиштип, на адреса ул.Јаким Стојковски бр.1 Пробиштип, секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот.

Јавен оглас

Изјава

Барање

Јавен оглас за ангажирање на работници по Акциониот план за јавни работници

Општина Пробиштип има потреба од работно ангажирање на 10 работници за време од десет месеци со скратено работно време, за извршување на работи од јавен интерес на територијата на општина Пробиштип, а кои се однесуваат на одржување и уредување на јавни површини и инфраструктурни објекти согласно Акциониот план за вршење на јавните работи.

Оглас за јавни работници

Пријава

ВОДИЦИ 2020

По повод верскиот православен христијански празник „Водици“ на 19.01.2020 година (недела) во Злетово со почеток во 7:30 часот на местото викано „Пешка“ и во Пробиштип со почеток во 11:00 часот на Аква паркот, ќе се одржи Манифестацијата „Чествување на Водици“ на која ќе се осветат водите во Злетовска река и во градскиот базен каде ќе се капат голем број на наши сограѓани во потрага по светиот крст. Во Злетово литургијата во црквата „Пресвета Богородица“ ќе започне во 6 часот, а во Пробиштип во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ ќе започне во 8 часот. По завршување на литургијата од двете цркви со литија капачите и граѓаните ќе дојдат до местото на настанот каде ќе се изврши осветување на водите и фрлање на светиот крст.

Сите младоженци кои минатата година стапиле во брак и граѓани кои сакаат да се фрлаат во водите по светиот крст задолжително да се пријават во црквите во Пробиштип и Злетово. Пријавувањето е секој работен ден (од 09 – 18.01.2020 год.) во период од 09 – 16 часот . Лицата кои нема да се пријават нема да им биде дозволено да се фрлат во водите по светиот крст.

Напомена: Сите што ќе се капат во Пробиштип задолжително да одат на утринска литургија и сите со литијата да дојдат до местото на капење – Аква парк Македонија.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
Одделение за јавни дејности

Бадниково гранче 2020

По повод најголемиот верски празник , Божиќ, во организација на Општина Пробиштип на месноста Жгури, традиционално се организира берење на бадникови гранчиња и палење на коледарски оган.

По тој повод ги известуваме сите заинтересирани граѓани на општина Пробиштип, на ден 03 јануари (петок), во 10 часот од пред зградата на Општина Пробиштип, во центарот на градот ќе има бесплатен организиран превоз до месноста Жгури каде ќе се одржи оваа веќе традиционална манифестација, на која ќе се избере и новиот кум, кој ќе биде дел од организацијата на настанот во наредната година.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
Одделение за јавни дејности

ИЗВЕСТУВАЊЕ на граѓаните и засегнатите страни за активностите за доградба на постојна градинка

ИЗВЕСТУВАЊЕ на граѓаните и засегнатите страни за активностите за доградба на постојна градинка и за документот „Листа за проверка (чек-листа) за планот за управување со животната средина и социјална листа за проверка (чек-листа) за планот за управување со животната средина и социјалните аспекти (ПУЖССА) “ во Општина Пробиштип во рамки на Проектот за подобрување на социјални услуги (ППСУ Проект)

Известување Пробиштип

SSIP-ESMP-Checklist_Probistip_MK verzija_30.12.2019

SSIP ESMP Checklist_Probistip_23.12.19_SPA