Институтот „Конфуциј“ при УКИМ ги известува сите заинтересирани лица во општина Пробиштип за изучување на кинескиот јазик дека Институтот организира бесплатни онлајн курсеви по кинески јазик на почетно ниво за деца и средношколци до 18 години и за возрасни над 18 години. Курсевите ќе се реализираат со почеток од 01.12. 2021 година, на платформата ZOOM, во времетраење од 8 недели.
Пријавувањето трае дo 30.11.2021 година (вторник), ги очекуваме вашите пријави на мејлот на професорката Даниела Ефтимова при Институтот „Конфуциј“: danilaoshi25@gmail.com.
Во пријавата треба да се наведе: име и презиме, возраст, занимање, контакт e-mail и број на мобилен телефон. За учениците од основните училишта да се остави и број од родител.

1637911504013_Final poster