Соопштение за спроведување на јавна презентација и јавна анкета по нацрт план за Измена и дополна на ДУП за дел од Урбан Блок 11, Урбан Модул 4, КО Пробиштип, Општина Пробиштип

С О О П Ш Т Е Н И Е

За спроведување на јавна презентација и јавна анкета  по Нацрт план за Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од Урбан Блок  11, Урбан Модул 4, КО Пробиштип, Општина Пробиштип

 Член 1

            Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавна презентација и јавна анкета по Нацрт план за измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од Урбан Блок 11,Урбан Модул 4, КО Пробиштип, Општина Пробиштип, со Тех.Број 23/2021 од ноември 2021, изработен од  Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ Скопје.

Член 2

              Опфатот на Измената и дополна на Деталниот урбанистички план за дел од Урбан блок 11,Урбан модул 4 на Град Пробиштип се наоѓа во југозападниод дел на градот.

Границата на Урбаниот модул 4, дел од Урбан блок 11, се движи по осовините на следните улици:

  • на источната, северо-источната и југо-источната страна по ул.„Гоце Делчев“;
  • на јужната страна по дел од ул.„Јаким Стојковски“;
  • на западната и северо-западната страна по дел од ул.„Јордан Стојанов“.

Согласно опишаните граници за Измената и дополна на Деталниот урбанистички план за дел од Урбан блок 11 , Урбан модул 4 на Град Пробиштип, вкупната површина на планскиот опфат изнесува  5.13 ha.

Планскиот период на измената и дополна на Деталниот урбанистички план за дел од Урбан блок 11 , Урбан модул 4 на Град Пробиштип се предвидува да го опфати периодот од 2021 до 2026 година. Просторот опфатен во урбаниот модул е во рамките на градежниот реон на центарот на Град Пробиштип, третиран со Генералниот урбанистички план. Поточно, се работи за дел од Урбан блок 11, Урбан модул 4, согласно поделбата дефинирана со ГУП на град Пробиштип.

Соопштение за ЈП и ЈА за измена и дополна на ДУП за Блок 11,UM 4, КО Пробиштип – 09.11.2021 за објава potpisan.p.g.

известување до субјекти за ЈП и ЈА за измена и дополна на ДУП за дел од Блок 11, УМ 4 09.11.2021 potp.p.g.

Анкетен лист за ЈА и ЈП за измена и дополна на ДУП за дел од УБ 11,УМ 4

PP-DUP-Probistip-UB-11-UM-4-pot.4_[signed]-72

Награден Фото КОНКУРС “ПРОБИШТИП ФОТО 2021“ ТЕМА: „НЕШТО ОД И ЗА ПРОБИШТИП“

Основни критериуми за учество:

• Се учествува со 3 (три) фотографии на зададената тема ( сите фотографирани во Пробиштип)

и до 3 (три) слободни фотографии (сите фотографирани во општина Пробиштип, со мотиви од карактеристични и препознатливи обележја за нашата општина)

o Може да се достави и само една фотографија за учество

o Може да се учествува со највеќе 6 (шест) фотографии

• Фотографиите треба да бидат јасно одбележани за која од двете категории се испратени

• Фотографиите што не одговараат на темата нема да влезат во изборот за наградите

• Фотографиите не треба да бидат потпишани (“watermark”, “signature”) или на кој било начин означени со име или идентификација на фотографијата

• Фотографијата не треба да содржи име, презиме, иницијали, рамки или какви било текстуални карактери и симболи за идентификација на предната страна

• Фотографиите не треба да се претходно објавувани во весници, магазини, каталози или да имаат учествувано на други натпревари

• Фотографиите што не одговараат на темата нема да влезат во изборот за наградите

• Фотографиите  на зададената тема и слободна тема, треба да се фотографирани во Пробиштип,

• Испратените фотографии не треба да содржат елементи на насилство, порнографија, расизам или некој друг облик на дискриминација

• Испратените фотографии не треба да ја нарушуваат приватноста на луѓето, односно сите фотографирани луѓе мора претходно да дале согласност за тоа

ФОТО КОНКУРС 2021

In memoriam Невенка Нотевска

Ненадејно не напушти нашата почитувана пензионирана  колешка Невенка Нотевска.

Зад себе остави неизбришани траги од нејзиното општествено работење. Во текот на својата кариера беше на повеќе високи функции.  Секретар на „Рудници Злетово“ Пробиштип,  Секретар на Совет на Општина Пробиштип во периодот 1996-2001 година, во два мандата Секретар на Општина Пробиштип и Раководител на Одделение за правни работи.
Почивај во мир драга наша Невенка,  драга колешка и пријателка!

Соопштение за спроведување на јавен увид на урбанистички проект КП 2159, 21571, 21581 КО Добрево

С О О П Ш Т Е Н И Е
За спроведување на јавен увид на

УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕ СО НАМЕНА Е1.13-ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ НА КП 2159, 21571, 21581 КО Добрево – ОПШТИНА ПРОБИШТИП

Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 2159, 21571, 21581 КО Добрево – Општина Пробиштип, со Тех.Број 323/21 од септември 2021, изработен од Друштво за урбанизам, проектирање и инженеринг „ТЕКТОН“ ДООЕЛ Скопје.

Соопштение за јавен увид за Е1.13 КП 2159 и дел од КП 2157-1 и 2158 КО Добрево – 07.10.2021 p.g. (1)

04-1-УП-за-фотоволтаична-централа-КП-2159,-21571,-21581-КО-Добрево-67

Соопштение за спроведување на јавен увид на урбанистички проект КП 2147, 2149, 2148 И ДЕЛ ОД КП 2157/1 И 2158 КО ДОБРЕВО

С О О П Ш Т Е Н И Е
За спроведување на јавен увид на

УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕ СО НАМЕНА Е1.13-ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ НА КП 2147, 2149, 2148 И ДЕЛ ОД КП 2157/1 И 2158 КО ДОБРЕВО- ОПШТИНА ПРОБИШТИП

Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 2147, 2149, 2148 и дел од КП 2157/1 и 2158 КО Добрево – Општина Пробиштип, со Тех.Број 322/21 од септември 2021, изработен од Друштво за урбанизам, проектирање и инженеринг „ТЕКТОН“ ДООЕЛ Скопје.

 

Соопштение за јавен увид за Е1.13 КП 2147, 2149, 2148 и дел од КП 2157-1 и 2158 КО Пробиштип – 06.10.2021 p.g.

07_УП-вон-опфат-на-урбанистички-план-за-уредување-на-земјиште-со-намена-Е1.13---површински-соларни

Соопштение – Прскање против комарци 10 и 11 Септември 2021

На ден 10.09. и 11.09.2021 година (вечерта – петок кон  сабота) во текот на ноќта до раните утрински  часови во периодот од 23 – 08 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено прскање од земја против  возрасни комарци . Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата  долж течението на река Киселица, од Приградска населба Пробиштип по патот кон с. Плешенци, долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии и кундинско езеро. Ќе ги опфатиме и сите поголеми населени места. Се известуваат сите сопственици на пчелни семејства да превземат заштитни превентивни мерки.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ