ОБЈАВА БР.9- ПО ВТОР ПАТ

За продажба на недвижни ствари во сопственост на
Општина Пробиштип по пат на електронско јавно наддавање

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање согласно Одлуката на Советот на општина Пробиштип бр.26-239/8 од 15.03.2017 година, се следните недвижни ствари :
По втор пат Зграда на стара бензинска пумпа на КП бр. 1017/1 на ул.„Миро Барага“ бб зграда 1 влез 1 на приземје со намена Б4-6 други деловни простори во површина од 86 м2 евидентирана во Имотен лист 4748 за КО Пробиштип со утврдена пазарна вредност од 1.693.233,00 денари.

Objava 9 – po vtor pat

Повик за поднесување на понуди (Реконструкција на дел од улица Гоце Делчев)

Повик за поднесување на понуди (ППП) – Купување
Име на проект: Проект за подобрување на општинските услуги

Извор на средства: 8158MK

Број на договор: MSIP-MUN-PRB-SH-10

Датум на објавување на повикот: 10.05.2017 година

Општина Пробиштип ве повикува да ја доставите својата понуда за следните работи: Реконструкција на дел од улица Гоце Делчев во Пробиштип.

Повик за поднесување на понуди Гоце Делчев-MSIP-MUN-PRB-SH-10 odobren

Објава бр.8 (измена)

За продажба на недвижни ствари во сопственост на Општина Пробиштип по пат на електронско јавно наддавање.

Предмет на електронското јавно наддавање согласно Одлуката на Советот на општина Пробиштип бр.26-239/8 од 15.03.2017 година, се следните недвижни ствари:

1. Зграда на  стара бензинска пумпа  на КП бр. 1017/1 на ул.„Миро Барага“ бб  зграда 1   влез 1  на приземје  со намена Б4-6 други деловни простори   во површина од 86 м2  евидентирана во Имотен лист 4748 за КО Пробиштип   со утврдена пазарна вредност од 1.693.233,00 денари.

2. Гаража  на КП бр.717/20 на ул.„Јордан Стојанов“ бр.1 , зграда 1 влез 1 на приземје во површина од 35 м2  евидентирана во Имотен лист 4748 за КО Пробиштип, со утврдена пазарна вредност од 344.708,00

Objava br.8

Izmeni na objava br.8

Пробиштипски маскенбал 2017

По повод 1-ви Април – Денот на шегата, во Пробиштип ќе се одржи осмиот по ред „Пробиштипски маскенбал“- 2017, под мотото „Пробиштип со маски“.

Со почеток во 17 часот, ќе започне дефилето од пред Домот на култура „Злетовски рудар“ Пробиштип, по улицата „Цветко Тонев“ и „Јаким Стојковски“ до местото на настанот – Ракометното игралиште во центарот на градот, каде ќе бидат проследени сите перформанси. Учесници на маскенбалот се учениците од општинските училишта од Пробиштип и гостински маски од повеќе општини од Република Македонија.

Утредента, на 1 Април со почеток во 11 часот на истото место ќе се одржи „Киндер маскенбалот“ на кој ќе учествуваат учениците од I – V одделение.

Состанок со претставниците на граѓанскиот сектор од општина Пробиштип

На 23.03.2017 година се одржа состанок со граѓанските здруженија од општина Пробиштип, на кој присуствуваа претставници од следните граѓански здруженија:

  • Здружение на граѓани „Подобра Иднина„
  • Здружение на техничка култура на Пробиштип „Народна техника„
  • Здружение на хендикепирани лица „Милосрдно срце„
  • Црвен Крст Пробиштип
  • СПД Врв Плавица
  • Здружение на граѓани „Туристичка иднина„
  • Здружение на граѓани „Леговец Ленд„
  • Здружение на ракотворци „Хендмејд Арт„

На состанокот беа претставени активностите и работата на здруженијата, како и потребите и проблемите со кои се соочуваат. Се водеше дискусија за потребата од вмрежување на граѓанските здруженија, заеднички активности, интензивирање на соработката со општината, како и подршка во техничка опрема и простории за граѓанскиот сектор.

А Г Е Н Д А на ДЕДО МРАЗ низ ОПШТИНА ПРОБИШТИП

 

ДЕКЕМВРИ 2016 год.

  • ЧЕТВРТОК 12.2016 година

 

  • 1000 –  1015  ………………… с. Добрево
  • 1030 –  1045  ………………… с. Древено
  • 1100 –  1200 …………………  Злетово (Низ Злетово и во спортската сала)
  • 1205 –  1215  ……………………с. Ратавица
  • 1230 –  12 40  ………………… с. Пишица
  • 1250 –  13 00  ………………… с. Бучиште
  • 1310 –  1320  ………………… с. Трипатанци
  • 1330 –  1345  ………………… с. Стрмош
  • 1400 – 1415 ……………………с. Долни Стубол
  • 1420 – 1430 ……………………с. Плешенци
  • 1440 -1450 ……………………. м.в. Три Чепа (Приградска нас. Пробиштип)
  • 1500 – 1515……………………. Плато пред стамбена зграда (Приградска нас. Пробиштип)

 

  • ПЕТОК 12.2016 година

 

1000 – 1500……………………ДЕДО МРАЗ НИЗ УЛИЦИТЕ НА ПРОБИШТИП

  • 10 00 –  11 00  ………………… нас. Калниште
    • 10 00 – Крстосница пред ,,МироБор,,
    • 10 15 – Плато пред ООУ ,,Никола Карев,,
    • 10 30 – Плато пред ,,ТирСтеф,,
    • 10 45 – Старо Калниште
    • 11 00 – Крстосница пред ,,Швајцарија,,
  • 1115 – 1140Спортска сала „Софија Петровска“
  • 1145 – 1500 – ПРОБИШТИП
    • 11 45 – Крстосница пред акумулаторска зграда Б4
    • 12 00 – Игралиште ул. Вељко Влаховиќ
    • 1215 – Пред стамбена зграда м.в. Лиса Гара
    • 12 30 – Крстосница пред влезот на Спомен Парк
  • 1245 – 1400  – Низ улиците во центарот на градот

 

                                                ОПШТИНА ПРОБИШТИП

ДЕМАНТ на прилог на ТВ Стар – Штип

Во врска со објавениот прилог на Телевизија Стар на ден 05.12.2016 со наслов “Кочани и Пробиштип дишат отров. Останатите градови од регионот немаат со што да мерат“, општина Пробиштип сака да ги дементира податоците објавени во истиот прилог.

Податокот кој што е прикажан во прилогот е резултат објавен на ден 16.11.2016 година и истиот ден е забележано дека мерната станица во централното градско подрачје во Пробиштип е технички неисправна. Веднаш е контактирано со фирмата која е задолжена за монтажа на мерните станици при што е излезено на терен, извршен е преглед на мерната станица и е констатирано дека постои проблем со сензорот за проток на воздух (air flow) и сензорот за температура, со што се потврди дека последниот резултат објавен на 16.11.2016 година е невалиден.

Мерната станица веднаш е испратена на сервисирање во “Met One Instruments“ – Вашингтон кои како производители се единствени кои можат да вршат сервисирање и калибрација на истиот инструмент во специјализирани лаборатории.

Од страна на овластената компанија сме информирани дека деновиве ќе пристигне калибрираната мерна станица по што општината ќе продолжи со редовното објавување на податоците за квалитет на воздухот.

За точноста на резултатите општина Пробиштип поседува Сертификат за калибрација од самиот производител.

А за тоа каков воздух дишат граѓаните на општина Пробиштип сведочат резултатите објавени на општинската веб страна до 15 Ноември 2016 година.

06.12.2016 година
Општина Пробиштип