Денес, 19.04.2018,  директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, беше во официјална посета на општина Пробиштип, на којашто заедно со градоначалникот Драган Анастасов ја разгледаа фактичката спортска инфраструктура во општината и ги  усогласија потребите на општината со планот на Агенцијата, разговараа за идни вложувања се со цел за подобрување на истата и вложување во спортот.

На средбата беа во Злетово каде што направија увид на моменталната состојба на базенот и можноста за негова реконструкција и ставање во функција на истиот, но и изградба за игралиште во негова близина.

Во основното училиште Никола Карев ја разгледаа моменталната состојба на базенот и спортската сала и разговараа за нивното одржување и подобрување на условите за целосно да се искоритат овие капацитети.

Посетата заврши во населба Калниште кај игралиштето, за коешто општина Пробиштип има изготвено план, а од каде што директорот Каевски, за локалните медиуми изјави, дека Агенцијата за млади во 2019 година ќе даде поддршка за изградба на спортски комплекс на оваа локација.

amsm poseta2 amsm poseta3 amsm poseta4