Општина Пробиштип на сите активисти на Организацијата на Црвениот крст и сите хумани граѓани им го честита 8-ми Мај, Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Општина Пробиштип на сите активисти на Организацијата на Црвениот крст и сите хумани граѓани им го честита 8-ми Мај, Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Советот на млади на општина Пробиштип, одржа координативен состанок на кој беа дискутирани актуелни теми кои ги засегаат младите во општината. Ова советодавно тело ќе биде главниот претставник и гласот на младите пред локалните власти, кое ќе предлага активности и проекти кои ќе придонесат за поголема афирмација на младите.
Со низа на активности општина Пробиштип го одбележа 22. април – светскиот Ден на планетата земја.
Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов одржа прес конференција на којашто ги презентираше тековните и идни активности и проекти, кои се во насока на намалувањето на штетото влијание врз животната средина.
Еден од проектите е Биоотпад којшто има за цел преработка на органскиот отпад во 3 копмостери, една наменета за угостителските објекти и две за населението, од која ќе се добива високо квалитетно ѓубриво кое општината ќе го користи за свои цели. Преку практично, но и научно истражување на работењето на единиците да се покаже ефикасноста на воспоставувањето на новиот систем за собирање на отпад, по принципот – „плаќај колку што фрлаш“.
Велосипедистите од општинските училишта го одбележаа денот со велосипедско дефиле почнувајќи од ул. „Цветко Тонев“ низ повеќе улици во градот, а финишираа на градскиот плоштад.
Се одржа и работилница во ОУ „Никола Карев“, на којашто учениците од општинските училишта изработија предмети од рециклирачни материјали.
Денес, 19.04.2018, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, беше во официјална посета на општина Пробиштип, на којашто заедно со градоначалникот Драган Анастасов ја разгледаа фактичката спортска инфраструктура во општината и ги усогласија потребите на општината со планот на Агенцијата, разговараа за идни вложувања се со цел за подобрување на истата и вложување во спортот.
На средбата беа во Злетово каде што направија увид на моменталната состојба на базенот и можноста за негова реконструкција и ставање во функција на истиот, но и изградба за игралиште во негова близина.
Во основното училиште Никола Карев ја разгледаа моменталната состојба на базенот и спортската сала и разговараа за нивното одржување и подобрување на условите за целосно да се искоритат овие капацитети.
Посетата заврши во населба Калниште кај игралиштето, за коешто општина Пробиштип има изготвено план, а од каде што директорот Каевски, за локалните медиуми изјави, дека Агенцијата за млади во 2019 година ќе даде поддршка за изградба на спортски комплекс на оваа локација.
Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, денеска, 18 април во конференцската сала при Домот на култура „Злетовски рудар“ имаше прием на учениците, спортисти, од општинските училишта.
Младите одбојкари од ООУ „Браќа Миладиновци“ на неодамна завршениот републички натпревар во одбојка – машки за ученици од основните училишта го освоија второто место, доека младите фудбалери, членови на училишниот спортски клуб при СОУ „Наум Наумовски Борче“ во футсал, го освоија првото место и се државни шампиони.
Учениците во придружба на своите ментори Емил Спасовски и Јонче Ѓеорѓиевски, заедно со директорките на училиштето беа на прием кај градоначалникот Анастасов, кој честитајќи им го успехот и заблагодарувајќи им се за постигнатиот резултат и достојното претставување на општина Пробиштип им вети поголеми вложувања во спортот во иднина.
На учениците и на менторите им додели благодарница за достојно претставување на општина Пробиштип, пракса која со години се применува во вакви и слични настани, се со цел мотивирање на младите за да спортуваат и да се насочат кон убави и позитивне нешта, а што подалеку од секојдневните пороци, кои ги демнат на секој чекор. Средбата ја завршија со заедничка фотографија за спомен од настанот.
Р.И.
Предмет на електронското јавно наддавање согласно Одлуката на Советот на општина Пробиштип бр.26-320/21 од 26.03.2018 година, е имот во сопственост на општина Пробиштип деловен објект со намена за вршење на угостителска дејност, евидентиран во ИЛ 57 за КО Лесново во вкупна површина од 151 м2, во вредност од 1.982.207,00 денари.
Линк до аукција
http://e-aukcii.probistip.gov.mk/item/156
По повод христијанскиот празник, Велигден, општина Пробиштип во соработка со општинските основни училишта и детската градинка, по деветти пат го организираше Велигденскиот хепенинг.
Овој традиционален настан на градскиот плоштад собра голем број на посетители, кои имаа можност да ја проследат изложбата на илјадници велигденски јајца, изработени од вредните раце на дечињата и нивните родители и наставници. Изложбата е од награден карактер, а жири комисијата беше на голема мака за да ги избере најдобрите три шарени велигденски јајца. Сепак, изборот падна на Лука Манчевски од III-б одделение од ООУ „Браќа Миладиновци“, кој го зема третото место. Второто место и припадна на Стефанија Лазаревска од III-а одделение од ООУ „Никола Карев“, а со прво место се закити Бирџан Мустафов од II-а одделение од ООУ „Браќа Миладиновци“.
За најоригинална идеја беше прогласено велигденското јајце на Меланија Цоневска од IV-а одделение од ООУ „Браќа Миладиновци“, а за најдобар аранжман беше прогласен аранжманот на Христијан Стојчевски од Детската градинка „Гоце Делчев“.
Манифестацијата беше пропратена со богата културно уметничка програма на која настапија учениците од ПУ „Ванчо Трајков“ од приградската населба Пробиштип, заедно со балерините од Балетското студио „Магија“ и КУД „Злетовски рудар“, кои работат при домот на култура „Злетовски рудар“. И годинава на плоштадот не изостана велигденскиот амбиент и огромното велигденско јајце на кое е нацртан ликот на Исус Христус, а оваа година имавме и креативна работилница, на лице место членовите на ликовната секција при Домот на културата сликаа неколку големи велигденски јајца, кои потоа останаа како велигденски декор на градскиот плоштад во Пробиштип.
На 5.04.2018 година, по повод 7 – април Светскиот ден на здравјето, Здравствениот дом “Нада Михајлова” во заедничка соработка со општина Пробиштип ќе овозможи бесплатни очни прегледи за сите заинтересирани граѓани во насока на превенција на нивното очно здравје
Термин од 10 – 14 часот.
Др. Гоце Неделковски
Денес, во Пробиштип со пригодна манифастација и положување на свежо цвеќе традиционално се одбележа 3-ти Април – Ден на нападот на Пробиштип од Третата македонска ударна бригада.
Организатор на манифестацијата беше Организацијата на резервните офицери на Република Македонија од Пробиштип, а на истата настапија ученици и членови на литературниот клуб „Процвет“ со поетско читање, балетското студио „Магија“ од Пробиштип и КУД „Злетовски рудар“.
По повод празникот, покрај многубројните делегации и делегација на општина Пробиштип, предводена од Секретарот на општината, Невенка Нотевска, положи свежо цвеќе на спомен паркот „Братство и единство“ во Пробиштип.
По петти пат во паркот, на Младенци, се засадија рози во чест на љубовта.
Петта година по ред младенците, кои се венчани во минатата година ги садат розите на љубовта.
Годинава, иако во мошне лоши временски услови, со снег и студено време сепак, младенците дојдоа да си ја засадат својата роза, која во текот на годината ќе ја посетуваат и ќе ја негуваат, а таа роза ќе ги потсетува на овој убав момент.
Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов лично им го честита овој свечен миг, а за спомен од настанот направија една групна фотографија.