Награден Фото КОНКУРС
“ПРОБИШТИП ФОТО 2022“
ТЕМА:
„СО ЉУБОВ ЗА МОЈОТ ПРОБИШТИП“
Основни критериуми за учество:
Се учествува со 3 (три) фотографии на зададената тема ( сите фотографирани во Пробиштип)
и до 3 (три) слободни фотографии (сите фотографирани во општина Пробиштип, со мотиви од карактеристични и препознатливи обележја за нашата општина)
o Може да се достави и само една фотографија за учество
o Може да се учествува со највеќе 6 (шест) фотографии
Фотографиите треба да бидат јасно одбележани за која од двете категории се
испратени
Фотографиите што не одговараат на темата нема да влезат во изборот за
наградите
Фотографиите не треба да бидат потпишани (“watermark”, “signature”) или на
кој било начин означени со име или идентификација на фотографијата
Фотографијата не треба да содржи име, презиме, иницијали, рамки или какви
било текстуални карактери и симболи за идентификација на предната страна
Фотографиите не треба да се претходно објавувани во весници, магазини,
каталози или да имаат учествувано на други натпревари
Фотографиите што не одговараат на темата нема да влезат во изборот за
наградите
Фотографиите на зададената тема и слободна тема, треба да се фотографирани во Пробиштип,
Испратените фотографии не треба да содржат елементи на насилство,
порнографија, расизам или некој друг облик на дискриминација
Испратените фотографии не треба да ја нарушуваат приватноста на луѓето,
односно сите фотографирани луѓе мора претходно да дале согласност за тоа
ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ул. Јаким Стојковски бр.1
Тел: 032 48 31 31; факс: 032 48 30 47
www.probistip.gov.mk
________________________________________________________________
Техничко – уметнички критериуми за учество:
Фотографиите ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да се достават во:
· електронска форма снимени на CD со висока резолуција (најмалку 5 мегапиксели)
· Да се во JPEG формат
· Да се најмалку 72 dpi
· 4:3 / 3:2 / 16:9 (Пропорција на стандардна фотографија)
Секоја фотографија која нема да биде согласно погоре
наведените карактеристики ќе биде дисквалификувана и нема да биде
разгледувана од жири комисијата
Дозволено е софтверско интервенирање на фотографиите
Фотографијата ќе се оценува според композицијата. Начинот на којшто се
вклопени фотографираните елементи, кои треба да прават успешна целина во
уметничка смисла
Фотографиите треба да содржат напредни естетски елементи. Тоналитет,
форма, текстура, ритам, баланс, движење и сл.
Фотографијата не треба да биде премногу темна, нити премногу светла
Фотографијата мора да има доволно видливи детали
Награди :
Општина Пробиштип за првите три фотографии во двете категории обезбеди
награди и тоа:
o Фотографии на зададена тема:
I место – 4.000 денари
II место – 2.000 денари
III место -1.000 денари
o Фотографии на слободна тема:
I место – 2.000 денари
II место – 1.500 денари
III место 1.000 денари
Наградите ќе бидат доделени на 7 Декември, а по повод празникот, 8 Декември 2022година – „Свети Климент Охридски“ на изложбата која по тој повод, од пристигнатите фотографии, ќе биде поставена во Домот на културата во Пробиштип со почеток во 12 часот.
ОПШТИНА
ПРОБИШТИП
ул.
Јаким
Стојковски
бр.1
Тел: 032 48 31 31; факс: 032 48 30 47
www.probistip.gov.mk
________________________________________________________________
Доставување на фотографиите за учество:
Фотографиите (секоја со наслов), да се достават со наведена шифра, во плик
во кој ЗАДОЛЖИТЕЛНО во помал затворен плик се доставуваат личните
податоци за учесникот (име, презиме, телефонски број и сл.)
Секој учесник кој при отварањето на фотографиите нема затворен
плик со податоци и за кој јасно може да се определи за која личност
станува збор ќе биде дисквалификуван и фотографиите нема да
се разгледуваат
Фотографиите да се испратат на адреса: Општина Пробиштип, ул. Јаким
Стојковски бр.1 или да се донесат во Канцеларијата на Одделението за јавни
дејности во Општина Пробиштип, со назнака: За награден фото Конкурс
„ ПРОБИШТИП ФОТО 2022 “, најдоцна до 22.11.2022 година (вторник) до
15.30 часот.
Жири комисијата најдоцна до 24.11.2022 година (четврток) ќе ги селектира фотографиите
и ќе ги објави на официјалната фан страна на Facebook за да можат сите
заинтересирани да гласаат за истите.
(Гласањето на Facebook ќе има влијание во одлуката на жири
комисијата, но освоените гласови нема да значат и конечен
пласман на фотографиите)
Жири комисијата најдоцна до 01.12.2022 година (четврток) ќе ги објави наградените
фотографии преку медиумите, на официјалната WEB страна на општина
Пробиштип www.probistip.gov.mk и на официјалната Facebook фан страна.
Авторски права:
Со предавањето на фотографиите за учество на Конкурсот секој потврдува
дека:
е автор на фотографиите
фотографијата не е претходно изложена или објавена
ги отстапува авторските права на Општината Пробиштип со
неограничено право да ги објавувува, разменува, печати или пренесува
на трети лица
v На Фото Конкурсот немаат право на учество вработените во
општинската администрација како и нивните потесни семејства
За подетални информации на бројот 032/483-131 лок.107, или на е-маил: ilievski@probistip.gov.mk
ОПШТИНА ПРОБИШТИП
Одделение за јавни дејности
ФОТО КОНКУРС 2022