Соопштение за спроведување на јавен увид на урбанистички проект КП 2147, 2149, 2148 И ДЕЛ ОД КП 2157/1 И 2158 КО ДОБРЕВО

С О О П Ш Т Е Н И Е
За спроведување на јавен увид на

УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕ СО НАМЕНА Е1.13-ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ НА КП 2147, 2149, 2148 И ДЕЛ ОД КП 2157/1 И 2158 КО ДОБРЕВО- ОПШТИНА ПРОБИШТИП

Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 2147, 2149, 2148 и дел од КП 2157/1 и 2158 КО Добрево – Општина Пробиштип, со Тех.Број 322/21 од септември 2021, изработен од Друштво за урбанизам, проектирање и инженеринг „ТЕКТОН“ ДООЕЛ Скопје.

 

Соопштение за јавен увид за Е1.13 КП 2147, 2149, 2148 и дел од КП 2157-1 и 2158 КО Пробиштип – 06.10.2021 p.g.

07_УП-вон-опфат-на-урбанистички-план-за-уредување-на-земјиште-со-намена-Е1.13---површински-соларни

Соопштение – Прскање против комарци 10 и 11 Септември 2021

На ден 10.09. и 11.09.2021 година (вечерта – петок кон  сабота) во текот на ноќта до раните утрински  часови во периодот од 23 – 08 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено прскање од земја против  возрасни комарци . Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата  долж течението на река Киселица, од Приградска населба Пробиштип по патот кон с. Плешенци, долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии и кундинско езеро. Ќе ги опфатиме и сите поголеми населени места. Се известуваат сите сопственици на пчелни семејства да превземат заштитни превентивни мерки.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ

Соопштение за спроведување на јавен увид на урбанистички проект КП 2215 И КП 2216 КО ДОБРЕВО

СООПШТЕНИЕ за спроведување на јавен увид на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН СО НАМЕНА Е1.13-ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ, ЗА ФОТОНАПОНСКА ЕЛЕКТРОЦЕНТРАЛА СО КАПАЦИТЕТ ДО1 М\Л/ НА ДЕЛ ОД КП.6р.2215 И КП.6р.2216 КО ДОБРЕВО, ОПШТИНА ПРОБИШТИП

Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13- Површински соларни и фотоволтаични електрани, за фотонапонска електроцентрала со капацитет до 1 М\Л/ на дел од КП.6р.2215 и КП.6р.2216, КО Добрево, Општина Пробиштип, изработен од Друштво за трговија, производство, градежништво, услуги и консалтинг„ЧИП ГРОУП” ДООЕЛ увоз-извоз Скопје. со Тех.Број 27-06/21 од Јули 2021.

Соопштение за ЈУ за КП 2215 и 2216 КО Добрево, Пробиштип – 30.08.2021-potp 1.p.g.

KP-2215-i-2216-KO-Dobrevo[ES-VS-SV]-100

Соопштение за спроведување на јавен увид на урбанистички проект КП 1380 КО ДОБРЕВО

СООПШТЕНИЕ за спроведување на јавен увид на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН СО НАМЕНА Е1.13-ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ, ЗА ФОТОНАПОНСКА ЕЛЕКТРОЦЕНТРАЛА СО КАПАЦИТЕТ ДО1 М\Л/ НА ДЕЛ ОД КП.6р.1380, КО ДОБРЕВО, ОПШТИНА ПРОБИШТИП

Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13- Површински соларни и фотоволтаични електрани, за фотонапонска електроцентрала со капацитет до 1 М\А/ на дел од КП.6р.1380 КО Добрево, Општина Пробиштип, изработен од Друштво за трговија, производство, градежништво, услуги и консалтинг „ЧИП ГРОУП” ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, со Тех.Број 25-06/21 од Јули 2021 год.

Соопштение за ЈУ за КП 1380 КО Добрево, Пробиштип – 25.08.2021 potp1.p.g.

KP-1380-KO-Dobrevo-104

Драган Маринковиќ – Маца покажа зошто е еден од најдобрите комичари на Балканот

 

                На 23 август на летната сцена во Пробиштип гостуваше еден од најдобрите комичари на Балканот, Драган Маринковиќ – Маца. Со својот настап не само што ја насмеа публиката туку и покажа зошто е таму кај што е , меѓу најдобрите комичари на Балканот. Осумдесет минути ги држеше  посетителите, кои не престанаа да се смеат и да се воодушевуваат на неговата глума. Едноставно покажа зошто е најдобар. Ова беше трета по ред Stend up комедија иако оваа последната е со примеси на кабаре и на монодрама сепак и по трет пат се покажа дека е полн погодок. Актерот си замина задоволен, а задоволството не го криеше ниту Општина Пробиштип, се поздравија со ветување дека наскоро во ваква форма или како драма ќе го видиме повторно Маца на сцената во Пробиштип.

238140218_638497810446119_7696205552070081199_n 238206878_1245922349203328_8983719521788083342_n 238371404_174584411411784_7499194482327201823_n 239137604_1967152723458138_5001278257376822975_n 239621228_879751859301342_8615621885953611325_n

Соопштение – Прскање против комарци 23 и 24 август 2021

На ден 23.08. и 24.08.2021 година (вечерта – понеделник кон  вторник) во текот на ноќта до раните утрински  часови во периодот од 23 – 08 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено прскање од земја против  возрасни комарци . Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата  долж течението на река Киселица, од Приградска населба Пробиштип по патот кон с. Плешенци, долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии и кундинско езеро. Ќе ги опфатиме и сите поголеми населени места. Се известуваат сите сопственици на пчелни семејства да превземат заштитни превентивни мерки.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ